Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“

Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труди секој ден да јадат зготвена и свежа храна. Јас сум и мајка која последен пат преспа ноќ пред повеќе од четири години.

jas-sum-majka-koja-zjapa-vo-telefon-vo-parkot-dodeka-nejzinite-deca-si-igraat-01.jpg

Да ви се претставам... Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат.

Не секогаш и не постојано, но, ете, се случува да седнам на клупа и да одговорам на некоја порака или мејл што чека од вчера.

Понекогаш погледнувам на Фејсбук.

Сето тоа додека моите деца од две и четири години си играат без мене постојано зад нив.

Каква (не)мајка.

Само, следниот пат кога ќе ме видите како седам и разговарам со друга мајка или гледам во телефон, помислете на овие неколку работи.

Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труди секој ден да јадат зготвена и свежа храна, да имаат две овошни ужинки и да консумираат малку или воопшто индустриска храна.

Јас сум, исто така, мајка која од жена што одеше на работа се претвори во домаќинка преку ден, а во жена која на мејлови одговара по полноќ, бидејќи тогаш ги завршила сите останати обврски.

Јас сум, исто така, мајка која секој ден поминува меѓу три и четири часа во паркот, затоа што знам колку е важно за децата да бидат на отворено.

Јас сум, исто така, мајка која никогаш не дозволила да помине ден (ниту заминување на спиење) без прочитана приказна или сликовница. Често и со помош на тато.

Јас сум, исто така, мајка која последен пат преспа ноќ пред повеќе од четири години.

Но, јас сум и мајка која многупати го изгубила трпението, викнала со повисок тон во мигови кога детето со своето однесување можеби само го барало моето внимание.

И мајка која зела далечинско и пуштила една епизода од омилената серија тогаш кога работите станале неподносливи. Или мајка која едноставно некогаш сака да испие кафе на раат.

И да, јас сум мајка која во паркот понекогаш седнува и го вади телефонот додека децата трчкаат, следејќи ги со крајчето на окото.

И знаете што? Без лажна скромност, моите деца честопати се највешти во паркот меѓу своите врсници!

Самостојно лулање? Совладаа со 22 месеци и двајцата.

Возење тротинет? Со сè подигнување на ногата во воздух пред да наполнат две години.

Качување на врвот на лизгалката? Со две години без проблем, со мал прекин на работата на моето срце (што се обидував да го прикријам бидејќи не сакам мојот страв да ги спречува во ништо).

Сето тоа затоа што не им бев постојано зад петите со реченицата од која веќе ме боли глава: „За тоа ти си уште мал.“

Не е точно дека не ги гледам кога не сум половина метар од нив, само сакам тие да веруваат во тоа.

Затоа што, убаво рекол Ршум:

„Детето можеш да го набљудуваш, ама немој на пат да му застанеш. Колку побрзо го сметаш за човек, толку побрзо човек ќе стане!“

Извор / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg