„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“
„Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и безначаен“ - корисници на Редит споделуваат како им изгледа животот без деца, но и дали зажалиле за одлуката.
Луѓето се одлучуваат за живот без деца поради многу причини – од финансии, до неподготвеност.
Некогаш, пак, и немаат избор, дали поради проблеми со плодност, немањето соодветен партнер или нешто друго.
На Редит,луѓе кои немаат деца откриваат како им изгледа животот на возраст од 30, па и повеќе години.
Дел од одговорите во продолжение:
„Животот ми е ужасен и мило ми е што со мене немам и беспомошно дете. Мислам дека ова е најодговорно нешто што сум го направил во животот“.
„Имам 40 години и никогаш не сум сакал деца, а животот ми е одличен. Патувам многу, можам да си ги дозволам скапите хобија и уживам во тишината“.
„Имам 38 години и сум среќна што немам деца – едвај можам да се грижам за себе“.
„Многу ми е убаво. Воопшто не лесно да се грижиш за деца, и не ги ни сакам многу“.
„Имам 37 години и секој ден по малку ме убива фактот што немам деца. Баш и немав избор, но одлучив да се грижам за татко ми, па оттогаш секој план за деца пропадна“.
„Со сопругата сме во раните 40-ти. Патуваме секоја година, во форма сме и имаме прилично голема заштеда, за кога ќе се пензионираме. Па, навистина сме среќни“.
„Мислењето ми е поделено. Длабоко во мене, постои желба да имам дете. Но, не знам дали би можела да донесам уште едно живо суштество на светот за да страда. Мислам дека тоа ќе биде себично од мене“.
„Не ми се допаѓа животот сега. Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и безначаен“.
„Имам 57 години и досега не сум зажалила. Можеби ќе си го променам мислењето на 80 години, кога ќе ми треба помош, но тогаш мислам дека ќе можам и да најмам некој да ми помага“.
„Имам 34 години – животот ми е како во 20-тите, само што сега имам пари за да уживам во моите хобија“.
„Имам 35 години и сум во брак, а со сопругот одлучивме да немаме деца. Убаво ми е да ги гледам пријателите со деца и сакам да сум дел од нивните животи. Но, си ја ценам слободата“.
„Среќен сум. Не ме сфаќајте погрешно, многу ги сакам децата на моите пријатели. Но, сепак ми е мило што нема мои.
Сум гледал многу стабилни врски кои се растуриле поради стресот од децата. Сум гледал луѓе кои запаѓале во финансиски проблеми поради децата.
За некои луѓе вреди ризикот. Но, јас не спаѓам во нив“.
Спирова С. | Црнобело
фото: depositphotos.com