„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“

„Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата во дворот. Моите деца ја немаат таа обврска…“

im-ljubomoram-na-moite-deca-imaat-poubavo-i-polesno-detstvo-od-moeto--01.jpg

Неодамна почнав да размислувам колку поразлично беше моето детство од она на моите деца.

Кога јас бев дете, честопати преспивав кај некое другарче. На пример, во петок тоа ќе преспие кај мене, а следната ноќ јас ќе одам во неговиот дом.

Моите деца го прават ова само неколкупати годишно и загрижен сум дека испуштаат важно искуство во животот.

Но, додека ова беше подобро во моето детство, мислам дека во секој друг аспект, нивното детство е многу поубаво.

И, иако сум среќен за нив, станувам по малку љубоморен.

Моите деца никогаш нема да го разберат хоророт од домашните обврски.

Кога имав 11 години, мајка ми ме задолжи да се грижам за дворот. Требаше да ја косам тревата еднаш неделно – или двапати неделно во текот на летото – дури и кога немаше потреба.

Секое саботно утро ми беше жртвувано за дворот.

Во меѓувреме, мајка ми постојано надгледуваше дали сум сработил како што треба.

Денес, мојот најстар син е задолжен за одржување на нашиот мал двор и неговото искуство е многу поразлично.

Излегува од гаражата со сламен шешир и со ножици потскратува сè, без премногу да се грижи дали тоа е трева или растение што сме го посадиле ние.

Не е премногу загрижен за тоа дали сработил како што треба.

Тоа што не чувствува анксиозност како јас во детството ме прави љубоморен.

Ако недвижнините не беа многу скапи, некогаш размислувам дека би сакал да купам куќа со поголем двор, само за син ми да има повеќе работа во дворот.

im-ljubomoram-na-moite-deca-imaat-poubavo-i-polesno-detstvo-od-moeto-02.jpg

Моите деца патуваат многу.

Кога јас бев мал, патувањето вклучуваше посетување на истите места, најмногу поради финансиските можности.

Пролетниот распуст го минував кај роднини, во лето одевме еден ист хотел, а во октомври одевме на кампување.

Од друга страна, моите деца имаат отидено секаде. Ги имаат видено најубавите места низ континентот.

Да, јас сум бил со нив на секое нивно патување, но за разлика од мене, во детството патуваат многу повеќе.

Моите деца можат да минуваат повеќе време пред екран.

Моето хоби во детството беа видеоигрите и не можам ни да пресметам колку пари сум потрошил на тоа.

Денес не ме интересираат популарните игри, но кога имам време, понекогаш сакам да играм.

Па, зошто им љубоморам за ова?

Бидејќи ако јас сега сакам да ’извртам‘ некоја игра, ќе им требаат неколку години. А, тие можат да ’извртат‘ цела игра за само еден викенд бидејќи имаат време.

im-ljubomoram-na-moite-deca-imaat-poubavo-i-polesno-detstvo-od-moeto-03.jpg

Моите деца не мора да одат во црква како мене.

Од сè што набројав, за ова сум им најљубоморен.

Во моето детство, црквата беше многу важна – покрај тоа што одевме секоја недела, морав да пеам во хор, да волонтирам и што уште не.

Секој викенд морав да поминам најмалку три часа во црквата.

Ако отидеме во црква, моите деца треба да седат најмногу еден час, потоа им купуваме крофна, па си одиме дома.

im-ljubomoram-na-moite-deca-imaat-poubavo-i-polesno-detstvo-od-moeto-04.jpg

Пробувам да ја надминам љубомората.

И покрај сето мое жалење, сепак ми се допаѓа што моите деца имаат придобивки од многуте можности.

Штом тие имаат повеќе можности од мене, тоа значи дека нивните деца ќе имаат уште повеќе можности.

И, тоа ми помага да се справам со чувствата на љубомора...

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg