Семејствата споделуваат фотографии, бараат информации за саканите кои беа во дискотеката во Кочани
- Детали
- недела, 16 март 2025
Семејствата на оние кои синоќа биле во кочанската дискотека на секој начин пробуваат да најдат информација за своите сакани...
По незапаметената трагедија што се случи ноќеска во Кочани, семејствата на оние кои биле во дискотеката „Пулс“ се обидуваат да најдат некаква информација за своите најблиски.
На социјалните мрежи се објавуваат и масовно се споделуваат фотографии од оние за кои семејствата немаат информации, а на секоја фотографија е и телефонски број за контакт, доколку некој ги видел во некоја болница или знае нешто за нив.
За потсетување, трагедијата се случила утрово по 2:30, а од МВР потврдија дека 51 лице загинало и преку 100 се повредени.
Дел од повредените се задржани на лекување во Кочани, а дел се пренесени во болниците во Штип и Скопје.
Во продолжение лицата за кои семејствата немаат информација:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





