МВР со официјални информации за трагедијата во Кочани – 51 лице загинато, пожарот настанал од пиротехника
- Детали
- недела, 16 март 2025
Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во пожарот загинале 51 лице, додека 100 се повредни. Организаторите на забавата во дискотеката „Пулс“ веќе биле приведени.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа прес-конференција на која ги сподели првите официјални информации за трагедијата што се случи ноќеска во Кочани.
Според Тошковски, пожарот настанал околу 2:35, а причината се пиротехнички средства, како што неколку медиуми веќе известија.
Пиротехничките средства биле употребувани за светлосни ефекти, а пожарот настанал кога се создале искри кои го зафатиле таванот на кој имало лесно запалива материја.
Пожарот се проширил низ целата дискотека, а на местото брзо пристигнале противпожарни служби.
„Со длабока тага и болка ја известувам јавноста дека во оваа трагедија, според податоците со коишто располагаме, досега животот го изгубија 51 лице, а повеќе од 100 лица се повредени“, вели Тошковски.
Тој додава дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки за расчистување на случајот, како и дека организаторите на забавата веќе биле приведени.
Во продолжение, прес конференцијата на министерот Тошковски:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





