Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев?

Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра година отпеа еден од најголемите детски хитови на сите времиња. Како изгледа и што прави момчето што ја испеа песната „Наташа од трето три“ на детскиот фестивал „Си-До“?

kade-e-i-shto-pravi-denes-momcheto-shto-ja-otpea-pesnata-natasha-od-treto-tri-leonid-ristev-01.jpg

„Наташа од трето три“ е можеби една од најпознатите детски песнички со која израснаа децата од 90-тите години, а подеднакво е популарна и за денешните деца.

Песната беше напишана од Драган Каранфиловски-Бојс, а на детскиот музички фестивал „Си-До“ ја исполнуваше Леонид Ристев во далечната 1992-ра година.

kade-e-i-shto-pravi-denes-momcheto-shto-ja-otpea-pesnata-natasha-od-treto-tri-leonid-ristev-02.jpg

Песната брзо стана вистински хит, па по настапот на фестивалот, Леонид имаше голем број настапи во сите популарни емисии од тоа време.

Оттогаш се поминати веќе 32 години, а Леонид денес не се занимава со музика, туку по завршувањето на образованието на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, почнал да работи како правник во Белград.

Во краток разговор за CRNOBELO.com, Леонид ни потврди дека веќе 17 години живее во Белград со синот и сопругата, каде работи во престижна правна фирма која нуди правни совети за клиентите од регионот.

kade-e-i-shto-pravi-denes-momcheto-shto-ja-otpea-pesnata-natasha-od-treto-tri-leonid-ristev-02_1.jpg

Но, самиот вели дека го користи секој слободен момент за да се врати во родната Битола, каде што живее неговото семејство.

Леонид имал само 9 години кога ја испеа „Наташа од трето три“, која пред фестивалот веќе била напишана под насловот „Наташа од петто три“.

Но, морале да го променат насловот за да го прилагодат на возраста на момчето што ја исполнува.

Според него, успехот на песната, пред сѐ, се должи на талентот на композиторот на песната, Драган Каранфиловски – Бојс, која во комбинација со настапот и името (на песната), едноставно „кликнале“ кај публиката.

kade-e-i-shto-pravi-denes-momcheto-shto-ja-otpea-pesnata-natasha-od-treto-tri-leonid-ristev-04.jpg

За себе вели дека нема огромен музички талент, иако во периодот на основното и средното образование, но и за време на студиите музиката му била хоби, но признава дека никогаш немал ниту намера тоа да му биде главна професија.

kade-e-i-shto-pravi-denes-momcheto-shto-ja-otpea-pesnata-natasha-od-treto-tri-leonid-ristev-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg