„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“
„Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британија, која вели дека тоа што не ги гледа нејзините деца секој ден ја направило подобар родител.
Луси Паркер (35) од Велика Британија е мајка на две деца, за кои го дели старателството со нејзиниот поранешен сопруг.
Таа вели дека не сака да ги гледа своите деца секој ден и дека токму тоа што не ги гледа нејзините деца секој ден ја направило подобар родител.
Луси вели дека времето поминато со нив се труди да биде навистина квалитетно, а времето кога е сама, пак, го користи за социјализација, љубовни состаноци и патувања.
„Токму тоа што не сум 24/7 посветена на грижата на децата ми дава екстра време за фокус на другите аспекти од животот, како напредок во кариерата.
Од друга страна, пак, кога сум со нив сум поенергична и поприсутна во мигот“, вели таа.
Но, нејзините ставови ја направија мета на онлајн напади, а некои отишле дотаму што ја прашале: „Зошто воопшто си раѓала деца?“
Но, таа вели дека разводот и заедничкото старателство ѝ се најдоброто нешто што ѝ се случило во животот, бидејќи кога била во брачна заедница се чувствувала под притисок од растргнатоста помеѓу родителството и кариерата, а вака сега може да се фокусира на двете полесно.
Луси порачува дека не треба да правите работи кои му штетат на вашето ментално здравје и дека е сосема во ред ако не сакате 24/7 да бидете со вашите деца.
„Секому му е потребна пауза и тоа сосема нормално“, вели таа.
Правилно или погрешно, кој е вашиот став?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





