Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас

„Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради тебе, или да ја жртвувам мојата удобност за тебе. Можам, но не морам“.

pismo-do-mojata-15-godishna-kjerka-prochitaj-shto-sakam-da-ti-kazham-no-zhivej-po-svoe-ti-ne-si-jas-01.jpg

Мајка на тинејџерка решила однапред да ѝ ги објасни на ќерка си своите ставови за нејзиното растење и понатамошниот самостоен живот. Затоа ѝ напишала писмо во 15 потточки.

Писмо до мојата 15-годишна ќерка:

Слушај ме, мила,

1. За три години можам да те избркам од дома. Звучи страшно? Сеедно. На 18 години ќе имаш две опции: да се запишеш на факултет и да те поддржам колку што можам додека не дипломираш или додека не најдеш работа.

Или да заборавиш на факултетот (за тоа никогаш нема да те обвинувам) и да се вработиш, сама да заработуваш за себе. Нема да издржувам девојка која наполнила 18 години и не учи, затоа што мислам дека тоа не и е соодветно.

Имаш три години да одлучиш... И да, со татко ти веќе смисливме како ќе го преуредиме станот. Твојата соба ќе стане наша спална соба.

2. Прекрасна си, убава и многу паметна. Ти си многу подобра од мене. Извонредна си. Те познавам 15 години и знам дека си многу подобра отколку што можев да се надевам.

Ако некој не го разбира тоа, тоа е негов проблем. Добро, на татко ти сè уште не му е јасно, ама тој за брзо ќе попушти, па не сум загрижена.

3. Јас не сум ти пример. Ти си сосема поинаква. Ти си своја личност. Не мора да го сакаш тоа што ми се допаѓа мене, имаш целосно право да го отфрлиш мојот авторитет и да не ги прифаќаш моите вредности.

Едно предупредување: самата ќе бидеш одговорна за сопствените избори.

4. Слободна си, не очекувам ништо од тебе. Можеш да станеш чистачка, фризерка, бравар, домаќинка, брокер, автомеханичар, економист или касиерка. Не можам да ти се мешам во изборот на професија. Но, задолжително прочитај ја првата точка повторно.

5. Не ми должиш ништо. Не те растев за да ми бидеш должна. Не очекувам чаша вода, макар и ладна, не очекувам да ме издржуваш на старост, не сонувам дека ќе ја добиеш Нобеловата награда.

Имаш право самата да избереш што ќе ти биде важно и вредно или да пуштиш работите да одат по својот тек. Тоа е твој живот и твој избор.

pismo-do-mojata-15-godishna-kjerka-prochitaj-shto-sakam-da-ti-kazham-no-zhivej-po-svoe-ti-ne-si-jas-02.jpg

6. Имаш дом. Што и да ти се случи во животот, секогаш ќе бидам тука ако ти требам. Ќе те поддржам и ќе те утешам, ќе сочувствувам со тебе и ќе се обидам да помогнам, ако побараш. Но, нема да се нудам сама и нема да се мешам.

7. Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради тебе, или да ја жртвувам мојата удобност за тебе. Можам, но не морам.

8. Ти имаш свој живот. Самата реши дали и со кого ќе сакаш да се омажиш, дали ќе имаш деца, дали ќе станеш лезбијка или ќе влезеш во политичка партија.

Моите ставови, политички убедувања и животни ставови не треба никако да влијаат на тебе. Прави како што те води срцето, како што ти кажува совеста, прави работи кои ти се од интерес тебе.

Нема да ме изгубиш поради тоа, нема да престанеш да бидеш моја ќерка, ниту пак ќе станеш непосакувана во мојот живот поради тоа.

9. Никој не сака да те повреди. Не е лесно да се разбере, но вистина е: секој мисли само за себе. И јас, замисли. Секој човек, во сите околности, се однесува како што мисли дека е најдобро.

Ниту еден нормален човек не си го влошува животот свесно. Секој го прави она што, од негова перспектива, е најдобро за него. Ништо повеќе од тоа, само нашите слики за светот понекогаш не се совпаѓаат.

10. Светот е неправеден. Нема загарантиран успех, ниту загарантиран начин да се избегне неуспех. Ти не го контролираш светот. Можеш да направиш сè како што треба и повторно да се најдеш во темнина.

А можеш сè да направиш наопаку, а пак да бидеш на коњ. Единственото нешто за што треба да се грижиш е искреноста. Не се лажи себеси. Научи да се разбираш самата.

Разбери ги твоите вистински потреби и чувства. И смисли начин како да ти биде подобро.

pismo-do-mojata-15-godishna-kjerka-prochitaj-shto-sakam-da-ti-kazham-no-zhivej-po-svoe-ti-ne-si-jas-03.jpg

11.Твоето „добро“ е скоро секогаш нечие „лошо“. Некому ќе му го земеш местото на факултет или работното место.

Ќе се забавуваш со некој кој е нечија туѓа животна љубов или ќе купиш билети на нечие омилено седиште во кино. Не се возбудувај премногу. Твоето „лошо“ секогаш ќе биде туѓо „добро“, така што си „квит“.

12. Само на самата себе можеш да си веруваш 100%. Не, дури ни на мене, зашто јас не можам да размислувам како тебе. Сигурно не ми кажуваш сè, нешто криеш и премолчуваш.

Знам, бидејќи и јас го правам истото. И јас имам мајка. Само ти знаеш сè за себе. Само ти знаеш за што си способна.

13. Не ја префрлај одговорноста на други. Од осумнаесет години самата ќе бидеш одговорна за својот живот и никој друг нема да ти биде виновен. Раѓај деца ако можеш самата да ги одгледуваш.

Започни проект ако си во можност да го завршиш без колегите. Емигрирај ако си способна сама да се снајдеш во странска држава. Сама. Ако имаш среќа да ти помогнат роднините и пријателите, ќе ти биде полесно.

Но, тие не ти го должат тоа, затоа не сметај на помош однапред.

14.Размисли убаво пред да направиш што било. Секоја постапка има последици. Можеби нема да предвидиш сè, но обиди се да предвидиш што е можно повеќе. Колку подобро ги согледаш сите можности, толку поразумно ќе се однесуваш.

15. Не ме слушај. Напишав 14 точки, кои се надевам дека ќе ти го направат животот подобар од мојот, но ти не си јас (имаше една точка и за тоа). Не се споредувај со никој. Оди и живеј.

Не те родив само за да ми бидеш ќерка. Сакам во светот да испратам човек кој ќе го живее својот живот. Оди и живеј го.

15а. Само немој да ми се жалиш потоа.

15б. И не го исклучувај телефонот. Се грижам.

woman-thanking-daughter-gift_23-2147784491.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg