Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме бесплатна дадилка“

Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата да користат уреди со екран и по 10 часа дневно. И покрај препораките од експертите, таа смета дека ова не е штетно бидејќи се случувало само неколкупати неделно. Што мислите вие?

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka01.jpg

Педијатрите и експертите за ментално здравје сè повеќе зборуваат за потенцијалните проблеми кои можат да се јават од често користење уреди со екрани.

Луѓето на секоја возраст можат да почувствуваат последици, но се чини проблемите стануваат најизразени кај децата кои уште се во развој.

И, ова е нешто што им е јасно на родителите, па затоа ставот на мајка од Англија предизвика лавина негативни реакции.

37-годишната Џеј Вајтфилд е мајка на две деца – 7-годишен син и 14-годишна ќерка.

И, вели дека нејзините деца пораснале со уреди, а дневно минуваат и по десет часа пред екран.

Единствено ги терала да ги исклучат уредите половина час пред спиење.

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka-04.jpg

„Ако не можете да си дозволите да плаќате за градинка и дадилки, не знам зошто е проблем да им пуштите телевизија на децата за да завршите обврски низ дома.

Јас отсекогаш сум била опуштена во врска со ова“, вели таа.

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka-02.JPG

Џеј им дозволила на децата да користат таблет на 3-годишна возраст, а смета дека кога немаат обврски, нема причина да им забранува да користат екрани.

„Кога е викенд или распуст, им дозволувам да користат уреди по десет часа дневно.

Нарекувајте ме лоша мајка, но ова е најдобрата одлука што сум ја донела.

Можете да се шегувате на моја сметка колку што сакате, но моите пријателки не ме осудуваат бидејќи, реално, и тие го прават истото“.

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka-03.JPG

Џеј вели дека не сака нејзините деца да следат „режим како во војска“ кога немаат училишни обврски, а и истакнува дека не може постојано да внимава на нив.

„Некогаш одиме во забавни паркови, во зоолошка или на пикник. Но, не сме некои богаташи.

Распустот е долг период за родителите кои не можат да си овозможат дадилки.

А, мајките кои велат дека не им треба време за себе лажат. Замислете си само – неколку часа мир.

Моите деца можат толку да се фокусираат на нивните уреди, што цел ден не ми ни зборуваат. Тоа е благослов“.

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka-05.JPG

Џеј вели дека го користи тој период да одмори, но и да заврши со своите обврски.

„Работам од дома, а кога децата се зафатени со нивните уреди, перам и облека, правам вечера, ја чистам куќата – цел ден работам без некој да ме прекинува“.

Џеј вели дека е свесна за ризиците, но тврди дека нејзините деца не чувствуваат последици.

„Наводно екраните премногу ги стимулираат децата и им го нарушуваат сонот. Моите деца спијат мошне добро.

Сигурно ако се на екран 24/7 ќе чувствуваат последици, но неколку денови неделно сигурно нема да им наштетат.

И, ако се однесуваат добро, зошто да им ги земам уредите? Ги жалам децата кои имаат забрани за екрани“.

majka-stana-meta-na-kritiki-moite-deca-minuvaat-i-10-chasa-dnevno-pred-ekran-kako-da-imame-besplatna-dadilka-06.JPG

Во коментари на социјалните мрежи, Џеј се соочува со критики:

„Можеш да пробаш да си играш со децата и да изградиш врска со нив“.

„Мислам дека десет часа се премногу“.

„Нормално дека на овој начин животот ѝ е полесен бидејќи не мора да мисли на децата“.

„Значи, според тебе, сите доктори и детски психолози грешат?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg