„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“

„Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам дека мојот начин на воспитување вредеше. Но, не сум сигурна дека тоа беше најдоброто нешто за мене лично“ – вели оваа 55-годишна жена, која нагласува дека денес ги презира сите жртви што ги дала за своите деца.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-01.jpg

Иако многу жени тврдат дека мајчинството им е најдоброто нешто што им се случило во животот, има и такви што барем потајно во себе се прашуваат: „Што ми требаше ова? Вреди ли целиот овој труд што го вложувам?“

Во таа насока е и исповедта на една анонимна жена која за Daily Mail раскажува како на 55 години и по 4 добиени деца, сфатила дека навистина не ѝ се допаѓа улогата на мајка.

„Минатиот викенд надвор беше 25 степени и повторно бев заглавена во автомобилот со часови.

На синовите (20 и 19 години) им требаше превоз до турнирот за тенис, мојата најстара ќерка ме замоли да ја префрлам на работа во кафулето, а другата ќерка (16) ме замоли да ја оставам кај другарка ѝ.

Цело утро ги возев, во најголемиот метеж во различни делови од градот.

Ми беше топло, ми беше здодевно, а во меѓувреме сопругот беше излезен на голф со пријателите.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-06.jpg

Кога се вратив дома, имав голем број обврски – да испланирам што ќе готвам цела недела, да ги исчистам собите на децата, да исперам, да ги спакувам децата за кампувања...

Но, наместо да почнам да работам, седнав во кујната и се чувствував очајно.

Не ми беше првпат, но повторно се соочив со фактот од којшто се срамам: ‘Мразам да бидам мајка!’“ – го започнува своето писмо оваа жена.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-04.jpg

Таа вели дека сега, на 55 години почнала да сфаќа колку е краток животот и напоменува дека во последните 10-тина години постојано се прашувала каков би ѝ бил животот ако не се посветела целосно на мајчинството.

„Мора да нагласам дека не сум лоша или отсутна мајка. Постојано сум тука за моите деца и другите луѓе никогаш не би можеле да знаат како се чувствувам.

Ги носам децата во училиште, им помагам со домашните работи, ангажирам тутори ако им требаат и сум присуствувала на сите натпревари и театарски приредби на децата.

Одам редовно на сите родителски средби.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-03.jpg

Сигурна сум дека луѓето повеќе ме сметаат за ‘хеликоптер мајка’, отколку за мајка што е отсутна.

Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам дека мојот начин на воспитување вредеше. Но, не сум сигурна дека тоа беше најдоброто нешто за мене.

Вистината е дека постојано се презирам себеси за сите жртви што сум ги дала за да бидам тука за децата.

Мислам дека се уверував себеси дека тоа го прават сите мајки, но која е цената што ја плаќаат за тоа?“ – прашува оваа жена.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-02.jpg

Таа вели дека на мигови се чувствува како целосно да се загубила себеси откако станала мајка.

„Јас како личност сум безгрижна, импулсивна, сексуално жива. Сакам музика, да танцувам и да седам будна до доцна во ноќта – а одамна се потрудив оваа верзија од себеси да ја заклучам некаде на друго место“ – нагласува таа.

Токму заради ова, таа вели дека често се чувствува дека животот би ѝ бил сосема поинаков ако немала деца.

Исполнет со патувања, забави, излегувања, а сега веќе е свесна дека нема намера да биде грижлива баба еден ден, која ќе се жртвува и за сопствените внуци.

„Јас си ги сакам децата – сакам тоа да ви биде јасно. Горда сум на тоа какви личности стануваат, и ја сфаќам иронијата на советот што најчесто им го давам: ‘не брзајте да основате семејство и не ја правете истата грешка како мене’“ – вели таа.

zhrtvuvav-s-za-da-bidam-dobra-majka-sega-na-55-godini-se-prashuvam-dali-voopshto-vredeshe-07.jpg

За крај нагласува дека е свесна дека набрзо децата ќе си заминат од дома и ќе го започнат сопствениот живот, но таа постојано ќе се кае затоа што сосема скршнала од правецот кога имала 20 години.

Што мислите вие? Дали мајките што се најпожртвувани за децата на крај почнуваат да се мразат себеси?

Дали и покрај сите успеси на децата, кај мајките не се јавува самосожалување и копнеж за тоа што би можеле да го реализираат, кога не би биле толку посветени на семејството?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg