Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè

„Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голем предизвик и не прават таков чекор, оставајќи ги своите амбиции за подоцна. Но, јас го видов ова како можност да покажам како мајките можат да се инспирираат меѓусебно“, вели скопјанката Ангела, која со своето бебенце беше на неколкудневна работилница во Охрид.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-01.jpg

Ангела Костовска од Скопје, која по професија е економист, но и горда мајка на две мали деца, неодамна држеше говор на ораторска вечер на Школата за лидерство, што традиционално се одржува во Охрид.

Ангела, на настанот кој траеше една недела, беше заедно со својот 7-месечен син и често го носеше на работилниците и предавањата кои беа таму организирани, а и во моментот кога зборуваше на ораторската вечер, нејзиното бебе беше со неа, во „кенгур“ на нејзините гради.

Ангела сподели фотки на Инстаграм и инспирираше многу мајки кои го поздравија и пофалија нејзиниот потег.

Таа, пак, за ова искуство, напиша:

„За мајчинството често ќе чуете дека е најважната работа што ќе ја имате, но која со себе носи и бројни предизвици.

Јас сум личност што обожава постојано да учи и да се надоградува.

Веќе 3 години, откако првпат станав мајка, постојано се обидувам да го најдам деликатниот баланс помеѓу моите професионални амбиции и улогата на мајка.

Кога се роди мојата ќеркичка, на само 6 месеци постпартум, отидов на едукација поврзана со моите докторски студии, носејќи ја и неа цела недела со мене.

На 9 месеци, исто така, ја земав на компанискиот работен тим билдинг.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-07.jpg

Пред неколку дена имав интересна можност да бидам дел од Школата за млади лидери, повторно додека уште ми траеше породилното отсуство. Овој пат, со мене беше моето 7-месечно синче.

Она што го направи овој настан посебен, освен тоа што моето бебе беше со мене сите денови додека траеше академијата, беше тоа што на ораторската вечер излегов да одржам говор со него.

Говор за уметноста на балансирање на работа и мајчинството.

Да го земам моето бебе со мене цела недела на обука и овој пат беше свесен избор. За мене, ова е потсетник дека мајчинството и учењето можат да одат рака под рака.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-05.jpg

Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голем предизвик и не прават таков чекор, оставајќи ги своите амбиции за подоцна.

Но, јас го видов ова како можност да покажам како мајките можат да се инспирираат меѓусебно.

На настанот, не бев само учесник, туку и сведок за идејата дека навистина „е потребно село” за да може да се истера еден ваков настан со набиена агенда.

Несомено поддршката од мојот партнер и семејството го направи ова искуство за мене повеќе од возможно.

Потоа, поддршката од другите мајки во групата, организаторите и останатите учесници, создаде атмосфера во која се чувствував охрабрена.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-04.jpg

Но, ако мислите дека сѐ беше бајковито, би сакала да ви кажам дека не е. Моето синче вадеше запче, па имавме и непроспани ноќи. Понекогаш преку ден имаше и плачки.

Паузите ги користев за да го нахранам и постојано трчав низ хотелот. Имаше и сесии на кои доцнев и не секогаш бев доволно концентрирана.

Плус, имав и грижа на совест што едното дете ми е во друг град далеку од мене, па цело време се прекорував дека целото семејство морав да го мобилизирам во чување на децата.

Мислите на една мајка не запираат ни кога е на обука.

Но, знаев дека е оваа одлука е добра и дека тоа што вложувам во себе, ме прави среќна и сум пример за нив двајцата во иднина.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-06.jpg

Откако станав мајка, успехот доби нова дефиниција за мене. Сега тоа е наоѓање еквилибриум помеѓу децата и она што јас го сакам.

И да, има денови кога повеќе им требам на децата и сум целосно посветена на нивните потреби.

Но, има и денови кога треба да се посветам повеќе на учењето и професионален напредок. И тоа за мене е во ред – тоа е мојот баланс.

А на сите Working moms би им кажала: Вашите амбиции се важни, колку што се важни и вашите дечиња. А, вашиот придонес е непроценлив и во двете улоги.

На крај, повторно ќе нагласам дека навистина е потребно село за еден ваков „потфат”, а јас сум и повеќе од благодарна што го имам.

angela-kostovska-e-inspirativna-majka-so-7-mesechnoto-sinche-vo-pregratka-drzheshe-govor-na-oratorska-vecher-vo-ohrid-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg