Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на саканите (фото)

„Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарувам нешто зготвено, односно изработено со раце, како симболика дека сум посветила мисла и време“, споделува Инес Георгиевска за CRNOBELO.com.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-01.jpg

Инес Георгиевска, дипломиран ликовен уметник од Скопје, со години работела во маркетинг сектор и медиуми, а пред четири години, кога станала мајка, почнала да работи како фриленс илустратор.

Токму во тој период донела и една инспиративна одлука – да им прави, наместо да им купува подароци на најблиските.

Инес за оваа нејзина практика споделува за CRNOBELO.com:

„Прочитав неколку книги како „Дом со нула отпад“ (Zero Waste Home: The Ultimate Guide to Simplifying Your Life) и „Ултра-процесирани луѓе“ (Ultra-processed people), кои ме инспирираа интензивно да размислувам околу тоа што купувам, што јадам и со што го полнам својот дом.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-02.jpg

Оттаму дојде и увидот како потрошувачкото општество постојано нè „притиска“ да купуваме облеки, предмети и храна со лош квалитет, лош состав, произведени во експлоатирачки услови и штетни за човековото здравје и околина.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-03.jpg

Буквално се затрупуваме со ѓубре, кое колку и да изгледа привлечно, e всушност безвредно и штетно.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-04.jpg

Сепак, материјалното е само крајниот резултат на нашиот глобален мајндсет кој нè убедува дека сè треба да биде брзо, лесно и веднаш достапно, со наш минимален влог и труд.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-05.jpg

Така, иако дотогаш бев некој што не сака да готви и преферира да купува готова храна, почнав да се учам да приготвувам храна.

makedonka-so-inspirativen-poteg-namesto-da-kupuva-vekje-3-godini-rachno-im-pravi-podaroci-na-sakanite-foto-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Каде е и што прави денес Бети Јовановска - девојката од „Идол“ со моќен глас? „Се дружев со сите учесници во шоуто, со луѓе од организацијата, камермани, води...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg