Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на саканите (фото)
Од кога стекнав малку пракса, почнав да приготвувам торти за родендените на најблиските. Па, следеа божиќните празници, кога решив дека место пластични лампиони елката ќе ја декорирам со домашни медењаци, а домот со сушен портокал, цимет, анасон.
Па, за Валентајн на сопругот му ги спремав најомилените јадења, наместо да купам подарок… И така, некако стана обичај за секој празник да готвам и рачно правам подароци.
Инаку, апсолутно не се сметам за некој особено вешт готвач. Тоа најдобро го знае сопругот кој често ги јаде „утнатите“ подароци.
Но, не ми е ниту поентата да создавам врвни кулинарски дела. Туку го сакам процесот кога одвојувам време и посветувам труд за да создадам нешто имајќи одредена личност предвид.
Да направам нешто уникатно со љубов, без разлика колку е аматерски. Всушност, на крајот од денот токму чин на љубов, пред сè. Кон најблиските но, и кон животната средина“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





