„Мизерна си“, „Грда“ - Девојче од Македонија испраќа моќна порака за штетноста на онлајн хејтањето

„Во време кога секој има пристап до тастатура важно е да се знае дека секој коментар кажува многу повеќе за тој кој го пишува, отколку за оној за кого е наменет!“, гласи моќната порака која мајка и ќерка од Македонија ја испраќаат на навистина креативен начин.

mizerna-si-grda-devojche-od-makedonija-isprakja-mokjna-poraka-za-shtetnosta-na-onlajn-hejanjeto-01.jpg

Мајка и ќерка од Македонија го водат Инстаграм профилот „Sparkly Daughter“, на кој има повеќе од 12.000 следбеници.

Креативната мајка ги копира аутфитите на славните дами на симпатичен и забавен начин со работи кои ги имаат во нивниот дом, а нејзината ќерка е совршен модел за истите.

Тие користат работи од домот како стари обетки, фолија за готвење, ролните од тоалетната хартија, парчиња облека итн.

mizerna-si-grda-devojche-od-makedonija-isprakja-mokjna-poraka-za-shtetnosta-na-onlajn-hejanjeto-06.jpg

Но, покрај забавните креации, тие испраќаат и моќни пораки.

Овие мајка и ќерка од Македонија одлучија со написи да прикажат како изгледа онлајн хејтањето и колку тоа е штетно.

mizerna-si-grda-devojche-od-makedonija-isprakja-mokjna-poraka-za-shtetnosta-na-onlajn-hejanjeto-02.jpg

Со написи на бел аутфит покажаа какви ужасни зборови и навреди се користат на интернет и колку тоа може негативно да влијае на нечие ментално здравје.

Од „Мизерна си“, „Грда“ до „Кокошка“, „Одвратна“ и што уште не.

И од друга страна прават споредба како изгледа кога се користат убави зборови и пофалби.

„Прекрасна“, „“Браво, „Се горедам со тебе“...

mizerna-si-grda-devojche-od-makedonija-isprakja-mokjna-poraka-za-shtetnosta-na-onlajn-hejanjeto-03.jpg

Во описот на фотографијата од овој инспиративен аутфит со порака стои:

„Во време кога секој има пристап до тастатура важно е да се знае дека секој коментар кажува многу повеќе за тој кој го пишува, отколку за оној за кого е наменет!

Вие избирате што ќе напишете, а лошиот коментар во никој случај нема да направи да се чувствувате подобро, уште помалку ќе ве направи подобар човек… Моќта е во нас да бидеме примерот кој сакаме да го видиме во другите.“

mizerna-si-grda-devojche-od-makedonija-isprakja-mokjna-poraka-za-shtetnosta-na-onlajn-hejanjeto-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има по... „Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, бе...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg