„Јас сум поранешен шпион – тренирана сум да ги заведувам метите, имав секс обука на академија“

„На воената академија нè учеа како да направиме мажот да се вљуби во нас, па дури и да нè запроси. Советите беа да бидеме интригантни, мистериозни, но исто така тој да го има најдобриот секс во животот со нас, за потоа да сподели доверливи информации со нас...“

jas-sum-poraneshen-shpion-trenirana-sum-da-gi-zaveduvam-metite-imav-seks-obuka-na-akademija-01.jpg

Алиа Роза (37), родена во Русија, а со потекло од Казахстан, вели дека од 18 години одела на воена академија во близина на Москва и била тренирана да биде таен агент.

Вели дека уште во раните 20-ти одела на тајни мисии и тоа со нарко дилери и криминалци вмешани во трговија со луѓе.

Алиа, која сега е мајка на 1 детенце, открива каква обука имала на академијата за да биде врвен шпион.

„Учев разни техники, ни покажуваа дури и како да заведувавме, да манипулираме, потоа како да користиме различни видови на оружје, боречки вештини и низа други работи за да бидеме совршени војници на терен.

Се запишав на воената академија поради мојата семејна позадина, но и затоа што сакав да спречам дрогата од Авганистан да пристигнува во нашата земја, но и да ставам крај на трговијата со луѓе во Русија“.

jas-sum-poraneshen-shpion-trenirana-sum-da-gi-zaveduvam-metite-imav-seks-obuka-na-akademija-03.jpg

Таа открива дека со уште неколку девојки била тренирана како да го користи добриот изглед за максимум ефект, а по извесен период била испратена да работи надвор од земјата.

Според неа имала дури и специјални лекции за како да изведува секс чин со личноста што ѝ е мета.

„Нè учеа како да направиме мажот да се вљуби во нас, па дури и да нè запроси. Советите беа да бидеме интригантни, мистериозни, но исто така тој да го има најдобриот секс во животот со нас. На академијата не само што ни кажуваа како да го правиме тоа, туку и ни покажуваа.

jas-sum-poraneshen-shpion-trenirana-sum-da-gi-zaveduvam-metite-imav-seks-obuka-na-akademija-02.jpg

Заведувањето беше планирана стратегија за која треба време и треба работите да се прават чекор по чекор. Моравме да бидеме најдобрите љубовници.

Моравме да знаеме како да ја натераме метата да се вљуби во нас за да ни ги довери потребните информации. И тука сексот игра голема улога.“

jas-sum-poraneshen-shpion-trenirana-sum-da-gi-zaveduvam-metite-imav-seks-obuka-na-akademija-04.jpg

Алиа сега води поинаков стил на живот и со детето и партнерот живее во раскошна вила во Беверли Хилс, Калифорнија.

Признава дека го променила името и сега води своја компанија за односи со јавност.

jas-sum-poraneshen-shpion-trenirana-sum-da-gi-zaveduvam-metite-imav-seks-obuka-na-akademija-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg