Беше жив Кен, а сега е пластична жена со секси дечко покрај неа – кожата ѝ се распаѓа по операциите
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Од жив Кен сакаше да се претвори во Барби, но неуспешно - пријателите велат дека кожата ѝ е како мувлосана заради операциите, едвај дише и речиси не може да затвори очи, но тоа не му пречи на нејзиниот нов дечко, со кого разменува нежности низ Лондон.
Џесика Алвес (41), која е со бразилско-британско потекло, стана позната уште кога беше маж, Родриго, и целта ѝ беше да се претвори во жив Кен со многуте пластични операции.
Иако имаше успех во изгледот како жив Кен, реши дека сака да го промени полот и да стане жива Барби, но заради многуте операции веќе е непрепознатлива и не може да се нарече кукла.
Таа има потрошено милиони евра на повеќе од 100 операции, меѓу кои корекции на лицето, извадени коски, импланти во задникот, намалување на желудникот, а заради многуте операции, посебно на носот, сега едвај дише, а очите речиси да не може да ги затвори.
„Кожата ѝ е како мувлосана на неколку места и ѝ се распаѓа по операциите“ – изјавил нејзин пријател кој бил со неа во Азербејџан на затегање на лицето и липосукција.
Сепак, изгледа сите овие страшни промени и непрепознатливост, не му пречат на нејзиниот нов дечко Далтон Филипс.
„Кралицата на пластиката“ пред неколку дена беше забележана со него додека оди на вечера во ресторан во Лондон.
Тие не се одвојуваа еден од друг, се држеа за рака и разменуваа бакнежи, облечени во целосно црни комбинации.
За медиумите, Џесика има изјавено дека конечно си ја пронашла љубовта, и дека нејзиниот дечко е љубезен и вистински џентлмен.
Погледнете повеќе нови фотографии од Џесика:
M. M. | Црнобело