„Либидото ми се намали, мислев дека повеќе не го сакам сопругот - што ми се случи?“
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
„Meне либидото ми растеше како стареев, но наеднаш почувствував дека повеќе не го сакам и посакувам сопругот. Заедно сме 20 години, секогаш сме имале добра врска и ова чувство ме изненади...“, вели Кармен Реис (47) од Бразил.
Кармен Реис (47) е бразилска инфлуенсерка која на Инстаграм откри дека одлучила да намали со користењето шминка, по примерот на Памела Андерсон, и дека од тој миг се чувствува прекрасно.
Таа сега се пожали за ситуација од секојдневието, односно за фактот што одненадеж чувствувала дека повеќе не го сака сопругот.
Кармен била загрижена, сè додека не дознала дека и тоа е еден од симптомите на менопаузата, која кај жените започнува меѓу 45 и 55 години, иако може да биде и многу порано, во зависност од генетиката и од други фактори.
Кармен вели:
„Навистина почнав да се чувствувам поинаку кон сопругот. Помислив дека нешто не е во ред и посетив доктор за да разберам што се случува.
Заедно сме 20 години, секогаш сме имале добра врска и ова чувство ме изненади.
Но, докторот ми објасни дека тоа е фаза од животот и дека се должи на хормоналните промени поради менопаузата.
Ме увери дека не сум само јас со вакво искуство и дека и други жени минуваат низ вакви фази.
Докторот ми понуди неколку решенија, од промена на животниот стил до можни хормонски терапии.
Ми беше чудно, затоа што јас сум жена на која либидото ѝ растеше со текот на годините и сега наеднаш ова.
Навистина ми дојде како голема промена.
Отсега ќе инвестирам во поздрави животни навики, ќе вежбам и јадам балансирано и ќе се потрудам да си ја вратам силата за мојот сопруг. .
Многу ми олесна што сфатив што ми се случува.
Менопаузата е природна фаза и фактот дека постојат начини како да се олесни ми даде мотивација и доверба дека ќе биде добро“.
Кармен ја споделува јавно својата приказна со цел да ги утеши жените кои минуваат низ истото и да знаат дека не се сами.
С. С. | Црнобело