19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“

„Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и раката ми изгледаше ужасно“ – храбра Американка раскажува како успеала да преживее напад од ајкула и како се одбранила со двете раце.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-01.jpg

Во минатото се веруваше дека ако ве нападне ајкула треба со раката да ја удрите по носот, затоа што тоа ѝ е најчувствителниот дел од телото, но одамна веќе е докажано дека тоа е мит во кој не треба да се верува.

Приказната на 19-годишната Дамијана Хемфри е топ тема во сите светски медиуми, откако таа тврдеше дека со раката ја претепала ајкулата која ја зграпчила на брегот на Галвестоун во Тексас.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-02.jpg

Дамијана денес раскажува како со нејзините двајца браќа, сестра ѝ и снаа ѝ заминала на одмор и била со нив во водата до половина.

Во моментот штом нејзината снаа рекла дека забележала нешто како се движи во водата, другите почнале да излегуваат, но Дамијана доживеала непријатно изненадување кога ајкула со големина од 1-1,5 метри ја зграпчила за раката.

Во момент на паника, Дамијана почнала да ја удира со слободната рака ајкулата, сè додека не успеала да се ослободи.

„Во тој миг, не сфатив што се случува. Ми наликуваше на сон. Најверојатно брзата реакција на моето тело ме спаси. Во моментот не чувствував ништо, не размислував за ништо“ – раскажува таа.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-03.jpg

Но, дури откако излегла од водата на безбедно и кога видела во каква состојба ѝ е раката, тогаш почнала да паничи.

„Во моментот кога стигнав до татко ми, почнав да паничам, затоа што за првпат си ја видов раката. Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и раката ми изгледаше ужасно“ – се потсетува.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-07.jpg

По ова девојката итно била пренесена во болница, а лекарите успеале да зашијат 4 од нејзините прсти кои биле повредени во нападот.

Раката ѝ била ставена во гипс, а потоа се очекува да оди на физикална терапија со цел да си ја врати мобилноста и силата.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-05.jpg

Таа даде препораки до сите оние што сакаат да уживаат на плажа и смета дека најголемата грешка што таа и нејзиното семејство ја направиле е тоа што биле на плажа за време на залезот на сонцето.

„Ајкулите најчесто се приближуваат до брегот во периодот кога заоѓа и кога изгрева сонцето и тоа е најлош период за да се оди на плажа. Исто така, неопходно е да бидете внимателни и да не влегувате во водите ноќе“ – вели таа.

19-godishna-devojka-koja-bila-napadnata-od-ajkula-me-zgrapchi-vo-plitkoto-ja-pretepav-so-slobodnata-raka-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg