Која трагедија во животот ја натера Памела Андерсон да се откаже од шминка?

На забавата по Оскарите 2024 се појави без грам шминка и со несредена коса, на модни ревии оди во природни изданија – што ја натера Плејбој ѕвездата, која во 90-тите не знаеше што е тоа многу шминка, да престане да се шминка?

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-01.jpg

Памела Андерсон во младоста беше позната по тоа што ставаше многу шминка и никогаш не се појавуваше во природно издание, туку секогаш оддаваше впечаток на „пластична убавица“.

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-04.jpg

Но, неколку децении подоцна, во нејзините 50-ти години, таа одлучи да се откаже од овој изглед и на големите настани да се појави без грам шминка.

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka04.jpg

На забавата по Оскарите 2024, таа зачекори без грам шминка и со несредена фризура, на модна недела исто така се појавува со своето природно лице, а и во нејзиниот документарец на Нетфликс, одбила да стави шминка. 

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-03.jpg

Иако изгледа како освежување во светот на познатите кои се покриени со шминка и филтри, и добива многу пофалби за храброста, сепак многумина се прашуваат што е тоа што ја натера на овој чекор.

А, освен желбата за слобода, зад оваа нејзина одлука се крие емотивна причина.

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-08_2.jpg

Минатата година, во интервју за Elle, таа откри дека нејзината шминкерка Алексис Вогел, трагично починала од рак на дојка, па оттогаш се откажала од нејзиниот препознатлив изглед.

„Таа беше најдобра. И оттогаш, едноставно чувствував, дека без Алексис, подобро е да не носам шминка“.

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-06_1.jpg

Актерката од Baywatch и Плејбој ѕвезда, сега ужива во природниот изглед, кој ѝ дава ослободувачко чувство, како што кажува.

„Новиот изглед е ослободувачки и забавен, а и малку бунтовен. Сите ставаат некои драматични шминки, а јас како да одам спротивно од сите останати.

Плус, малку е забавно тоа што старееме и кога ќе се погледнам во огледало, си се смеам и си велам – Зарем навистина ова ми се случува?

Но, се чувствувам добро“.

koja-tragedija-vo-zhivotot-ja-natera-pamela-anderson-da-se-otkazhe-od-shminka-08.jpg

Таа повторно започна една нова ера, во која жените не мора да чувствуваат притисок дека секогаш мора да го покријат лицето со тон шминка. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg