Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис?
Но, со текот на годините, како што му растела славата, така Никос имал можност да сфати и кои му се вистински пријатели. Во 2017-та година тој се најде на суд заради обвиненијата на неговиот најдобар пријател од детството.
Никос Вертис и Никос Полатидис биле пријатели од детство, а на крај се скарале за пари. Полатидис бил задолжен за финансиите на познатиот пејач, а потоа го тужеше и го обвини дека му должи пари за услугите, но и за осигурување.
Случајот се реши во 2022-ра година, кога судот одлучи дека Вертис треба да му исплати на Палатидис 300.000 евра, а неговиот другар од детството рече дека не бара ништо друго, туку да му биде исплатено тоа што го заработил.
Никос во една пригода откри дека имал мошне тешко детство и дека не ни сонувал оти денес ќе има постигнато барем една стотинка од сето она што го постигнал.
Инаку, на приватен план тој никогаш јавно не ги покажал личностите со коишто е во емотивна врска, па заради тоа често се шпекулира дека е хомосексуалец. Во една пригода тој отворено кажа зошто не сака да го изнесува приватниот живот во јавноста.
„И јас сум имал врски, но отсекогаш сум избегнувал сите да знаат за тоа, а не да се фалам! Сакам луѓето да ме знаат заради музиката.
Ако се фалам со приватниот живот, тие ќе зборуваат повеќе за тоа, отколку за мојата работа. Сакам мојата куќа да биде само моја, затворена!“ – рече тој.
Минатата година, пак, рече дека посакува еден ден да основа семејство и да има деца, но дека истовремено сака да биде присутен татко кој ќе се грижи за нив.
„Би сакал жената што е со мене да биде добра мајка. Ја замислуваш жената што ќе ти роди деца, која ќе ти ги одгледа децата. Таа дефинитивно треба по малку да наликува и на твојата мајка.
Сакам таа да ги сака децата, повеќе отколку што ме сака мене. Жената што ќе биде со мене треба да има почит за животот и да биде оптимист. Да се буди наутро со насмевка. Да ме сака мене, а не тоа што сум“ – рече Никос.
Б. С. Б. | Црнобело