Миле (100) и Јулија (94) во брак се 73 години - Се венчале во Скопје, никогаш не ѝ кажал груб збор
- Детали
- петок, 28 февруари 2025
Тој имал 26 години, а таа 20 кога започнала нивната љубов, велат дека животот не им ја дал среќата да имаат деца, но се среќни што имаат љубов и разбирање до ден денес, по 73 години брак.
Брачниот пар Кнежевиќ од Хрватска е вистинска инспирација. Миле (100) и Јулија (94) во брак се 73 години.
Велат дека и денес се сакаат како и првиот ден, во гостување на хрватската телевизија „HRT“, каде открија дека се венчале во Скопје, а го отворија и свадбениот албум.
На венчавката со нив имале само кумови и никој друг, а по церемонијата отишле во Домот на армијата во Скопје на кафе и колачи.
Ручекот по венчавката им бил грав.
Миле и Јулија немаат деца, а тајната на нивниот долг брак велат дека е тоа што сè прават со договор, не се лутат еден на друг и секогаш пронаоѓаат заеднички јазик.
„Не памтам дека во 73 години сум ѝ кажал лош збор“, вели Миле.
Погледнете ја приказната на овој инспиративен пар:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





