Тајната на бракот на Цеца и Аркан - Како ѝ ја спасил кариерата?
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
„Кога се омажив за Жељко сите зборуваа дека ќе ме заклучи и ќе ме облече од глава до петици. Но, тоа беа глупости!“, изјави Цеца во една пригода.
Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан беа во брак 5 години и од нивната голема љубов ги добија синот Вељко и ќерката Анастасија.
Пејачката вели дека имала прекрасен брак со нејзиниот покоен сопруг, кoj почина во 2000 година и дека тој дома бил мирен и насмеан човек.
За време на петте години брак, Цеца за српските медиуми откри дека нејзиниот сопруг не сакал само една работа кај неа – кога го промовирала албумот „Девојко, вештице“ постојано носела долга црвена перика во две варијанти, виткана и права.
Така се појавувала во сите емисии и спотови, па дури и дома ги носела периките затоа што ѝ се допаѓале.
Ова му пречело на Аркан и ја терал да престане со тоа.
Во една пригода Цеца за српските медиуми откри како Аркан ѝ ја спасил кариерата:
„Кога се омажив за Жељко сите зборуваа дека ќе ме заклучи и ќе ме облече од глава до петици. Но, тоа беа глупости!
Тој мене ми беше најголема поддршка, уживаше во градењето на кариерата на жената што ја сака.
Секогаш ми велеше дека не смеам да ја оставам кариерата.
А јас западнав во некое лудило и сакав да престанам со музиката и да бидам само сопруга и мајка. Ме праша дали сум полудела.
Рече дека сум родена за на сцена. Од него научив никогаш никому да не дозволувам да ме присили да избирам помеѓу приватниот живот и кариерата“.
С. С. | Црнобело