Ивона Јо од Турција за CRNOBELO открива детали за операцијата: „’Те молам Боже биди со мене’ помислив пред анестезијата“
- Детали
- четврток, 23 јануари 2025
„Првата контрола само што заврши, си видов рамен стомак и не можам да поверувам каква тежина, каков вишок на кожа сум носела на мене. Во моментов најтешко ми е станувањето и одењето, а имам и мали проблеми со дишењето, но тоа е нормално по анестезијата“ - вели Ивона Јо од болницата во Турција за CRNOBELO.com.
Пејачката Ивона Јо вчера (22.01) имаше успешна операција за отстранување на вишокот кожа од стомакот, подбрадокот, на делови од рацете и нозете.
Скоро 24 часа по операцијата, Ивона е добра, но и понатаму е во големи болки.
Таа ни испрати неколку гласовни пораки од болницата во Турција, каде што беше оперирана.
Нејзиниот глас е тивок и тешко ѝ е да зборува, поради што, не можете, а да не ја почувствувате и вие нејзината болка, особено што дејството на анестезијата веќе го снемува.
За CRNOBELO.com, Ивона откри дека пред да влезе на операција заплакала, но и дека се разбудила со солзи.
Но, овој пат тоа биле солзи радосници, бидејќи операцијата е зад неа.
Таа веќе ја имала и својата прва контрола, а лекарите ги тргнале завоите, па пејачката првпат го видела своето тело без вишокот кожа.
За операцијата, и првите часови во постоперативниот период, Ивона вели:
Почетокот беше навистина опуштен. Првин докторот Емрах Аслан дојде и го нацрта и го проектираше телото онака како што го замисли дека треба да биде, за да се отстрани сè она што е вишок. И тоа беше најмалку стресно.
Потоа, се упативме кон операционата сала и тука почна малку стрес. Плачев (ха-ха) нормално, како и секогаш, при завршен чин. Сè се снимаше, сè е документирано.
Паметам дека последната реченица што ја помислив пред да ми стават анестезија беше „Те молам Боже, биди со мене“. И беше, се разбудив.
Мене шесте часа ми поминаа многу бргу.
Се разбудив во огромни болки и само почнав да плачам, зашто сфатив дека од самиот старт, без разлика колкава и да е болката, чувствував олеснување дека од мене е отстрането нешто коешто тежело со години.
Првата контрола само што заврши, си видов рамен стомак и навистина не можам да поверувам каква тежина, каков вишок на кожа сум носела на мене.
И понатаму сум во големи болки, постојано сум на инфузија и примам инјекции за болка. Во моментов најтешко ми е станувањето и одењето.
Имам и малку потешкотии со дишењето, што е нормално после анестезија, но жива, здрава, храбра, тука, постојам, значи живеам.
Мајка ми и Тамара постојано се покрај мене, како и целиот тим на доктори и бескрајно сум им благодарна“.
Прочитајте и Ивона Јо направи операција за отстранување на вишокот кожа - објави брутално искрено видео
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело