Наша инфлуенсерка споделува: „Бев на операција за кратење на желудникот во Турција - од каде да почнам?“
- Детали
- недела, 05 септември 2021
Ивона Јо е македонска пејачка и инфлуенсерка со повеќе од 25.000 следбеници која постојано шири позитивност кон сите облици на тела.
Сепак, таа откри дека се одлучила за операција на желудникот и на својот Инстаграм профил ги сподели деталите.
Нејзината емотивна исповед:
Шифрата на Wi-Fi мрежата во болницата започнуваше со 3,2,1 - баш ко одбројување за добар старт.
GUYS I DID IT. На 26.08.2021 направив bariatric surgery-кратење на желудник во Турција.
Од каде да почнам? Од благодарноста кон моите родители кои несебично ми пружија љубов и секој вид поддршка за овој нов чекор во мојот живот. Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона.
За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.
Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа. Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите ЧУВСТВА немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одѕвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција (моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно.
Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно.
Ве сака ИвонаЈо.
Прочитајте постара емотивна исповед на Ивона Јо - Исповед на Македонка: „Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека“
С. С. | Црнобело / Фото извор: Инстаграм Ивона Јо