Исповед на мајка од Скопје: „Едното бебе во раце го дојам, другото вреска и плаче - и радост и тага истовремено“
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
„Едното бебе во раце го дојам, другото вреска и плаче… истовремено радост и тага, среќа, спокој и немир. Сакав да можам истовремено да бидам тука за двајцата, ме растажуваше моментот што не беше возможно 100% да се дадам“, вели Елена Трпчевска од Скопје која има две деца, едно на возраст од 2 години, а друго - 5 месеци.
Елена Трпчевска од Скопје е мајка на две деца, едно на возраст од 2 години, а друго на возраст од 5 месеци, и психолог по професија.
Таа на својот Инстаграм профил отворено проговори како е да се биде мајка на две мали дечиња, односно колку е убаво и тешко едновремено.
Многу мајки ќе се пронајдат во нејзината објава.
Нејзината објава гласи:
„Постов нема намера да покаже совршенство, ниту хаос. Во постов главна тема не е справување со тодлери.
Намерата е да ги споделам моите начини кои помагаат при справување во ситуации со многу предизвици дома со две малечки.
Прво што ми паѓа на памет е како е возможно од радост, убавина, блаженство за една секунда да се премине во хаос? Си поставував прашања дали ќе издржам и следната минута...
Едното бебе во раце го дојам, другото вреска и плаче… истовремено радост и тага, среќа, спокој и немир.
Сакав да можам истовремено да бидам тука за двајцата, ме растажуваше моментот што тоа не беше возможно 100% да се дадам истовремено на двајцата.
Нешто што не би требало да го прескокнеме е периодот на адаптација.
Свесноста за потреба на адаптација, јас како мајка да се адаптирам дека сум мајка на две дечиња, мојот сопруг, поголемото детенце да се адаптира дека дома има уште еден член, јас да се адаптирам и да се разберам дека повторно сум во пост-породилен период.
Со две мали дечиња деновите се апсолутно вредно исполнети! Деновите се поубави, позначајни, но тоа значи дека мајката во еден ден најголем дел од времето одговара на потребите на нејзините деца.
Не е секогаш се розово и нормално е да има ситуации каде не најдобро можеме да ја совладаме секоја ситуација, како и понатаму во животот.