Исповед на Македонка: „Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека“

Ивона Јо позираше во тесен фустан и напиша: „Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.“

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-01.jpg

Ивона Јо, пејачка и инфлуенсерка од Куманово, на својот Инстаграм профил, каде има 25.000 следбеници, постојано поттикнува дебата на одредени теми.

Овојпат таа отворено проговори за проблемот на полничките девојки и недоволната самодоверба и слобода да ги носат парчињата облека што им се допаѓаат.

Таа одлучи да стави крај на тоа и позираше во провокативен, тесен фустан.

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-03.jpg

Во описот на фотографиите напиша:

„Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.

Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.
И најтешко од сѐ знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-04.jpg

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.

Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.
Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање.“

Прочитајте и Плус сајз Македонки кои испраќаат моќна порака со своите Инстаграм профили

На следната страна повеќе фотки од Ивона...



Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50? „Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на...
Македонка направи уникатна маска за синовите – астронаути: „Ја правевме две недели“ „Чизмите им ги обмотав со алуминиумска фолија, шлемот на помалиот е кацига за ве...
Филмско запросување на Македонка на Бали со натпис во базен, покриен со ливчиња од рози (видео) „За мажот кој докажа дека бајките се вистински. Ти трансформираше сè што мислев ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонката Бетика како ледена кралица на Вевчанскиот карневал: „13 години ти се враќам мое мило Вев... „Мое Вевчани… Ти се вратив дури и од Лапонија, ти се враќам секоја година, пак и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg