Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50?
- Детали
- четврток, 12 декември 2024
„Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на 15-ти во месец, 10 дена годишен на Јадран...“, ја започнува својата приказна Гордана Крстаноска (50), која денес живее со полн здив.
Гордана Крстаноска (50) од Скопје е жена која го живее животот со полн здив. Се откажала од канцелариската работа од 8 до 16 часот, патува, ужива во секој миг, живее со полн здив и изгледа подобро отколку пред 15 години.
Токму за нејзината драстична трансформација, како на изгледот, така и на животниот стил таа сподели фото-споредба на нејзиниот Инстаграм профил.
Нејзината објава гласи:
„35 vs. 50!
Кој сака да биде како Гоца кога ќе остари?
Првата фотографија направена во Хрватска, поточно на Хвар пред некаде 15-16 години, не се сеќавам точно, на годишен одмор... Еден од оние годишни одмори кои траат едвај 10 дена во годината и тоа на буткање, одиш на годишен за и таму да преживееш некако...
Не ни знаев дека постои фотографијата сè додека другарка ми која ме сликаше не ми ја прати.
Кога се видов, се смеевме, ама не беше баш за смеење реалноста - а да мора да го споменам и стајлингот - пењоарот за на плажа и витлерот кои беа неизбежни во тој период... Отсекогаш сум била креативна...
Овде се сеќавам пеев, секогаш сум насмеан и позитивен лик, па така беше и тогаш.
Ова е Гоца на свои 35 години од својот живот, витлер задолжително, крпите на себе се мои креации во тоа време, песна опа-иха редовно, работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на 15-ти во месец, 10 дена годишен на Јадран...
15-16 години потоа, Гоца на втората фотoграфија пак на Јадран, во прекрасниот Дубровник, овој пат во април, затоа што на годишен одмор сум 365 дена во годината, во колекцијата на мојата Викторија Бурсаќ – облеката сега е од врвен професионалец, витлер нема затоа што има можност и да се отиде на фризер и се врти постојано друга песна...
Ова е само накратко мојата приказна поврзана за овие 2 фотографии.
Затоа драги мои... не судете по изглед зошто таа Гоца тогаш, која донесе одлука нешто да промени во својот живот е истата таа и од денес, весела и среќна која му се радува на животот како дете - без ограничувања...“
С. С. | Црнобело