Мелита Ракичевиќ: „Плукав крв, стресот беше огромен и по 18 години ѝ кажав збогум на телевизијата“

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’ Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната...“, открива Мелита Ракичевиќ.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-01.jpg

Мелита Ракичевиќ беше едно од нашите препознатливи ТВ лица, а нејзиното „Пет шоу“ каде ширеше љубов кон домашните миленици, една од нашите омилени ТВ емисии.

Но, по 18 години телевизиска кариера таа пред неколку години се повлече од ТВ екраните, а по нејзини стапки тргна нејзината ќерка Барбара Ракичевиќ.

Мелита веќе долго време не ја гледаме на малите екрани.

Но, во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, таа искрено откри зошто одлучила да стави крај на водителската кариера.

Мелита Ракичевиќ за крајот на нејзината телевизиска кариера вели:

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’

Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-04.jpg

Господинот Докиќ беше човекот којшто ми го спаси животот и ми рече дека стрес и начин на живот под таков силен притисок веќе е невозможен, бидејќи буквално за три дена може да се случи сè, значи јас плукав крв.

Ниту во животот некогаш сум пушела, ниту сум имала некој здравствен проблем на ‘плуќата’, но тогаш тоа се случи, веројатно од континуиран и голем стрес...

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-09.jpg

Долги 18 години бев на медиуми, работев во живо, знаете како е, огромен притисок и едноставно морав да го смирам животот“.

Дел од гостувањето (кликнете на видеото):

Потсетете се на емисијата „Пет шоу“ со Мелита:

Повеќе фотографии од Мелита на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Горди сме! Јан Стојановски освои злато на Европската олимпијада по физика Браво! Средношколецот Јан Стојановски ѝ ја донесе на Македонија првата златна ме...
Синот на Тони Михајловски го прослави 13-тиот роденден - сопругата сподели емотивно видео Роденденско видео составено од емотивни мигови... Од тоа кога Максим бил бебенце...
„Среќен роденден женче“ – Таско ѝ честиташе на сопругата со емотивни семејни фотки Заеднички фотки од трудничката фотосесија, моментот по породувањето со синчето в...
Пејачот Дарко Илиевски се преполови: „Ослабев 64kg откако завршив во болница поради дебелината“ „4 декември 2023 - ден кој никогаш нема да го заборавам. Завршив во ургентен цен...
Васил Зафирчев на концерт на бившата сопруга, Калиопи: „И по 40 години кариера, гори кога пее“ „Калиопи сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска ...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg