Барбара Ракичевиќ блесна како матурантка во впечатлив аутфит, покрај мајка ѝ и татко ѝ (фото)
- Детали
- четврток, 18 мај 2023
Барбара Ракичевиќ, поранешната водителка на „Бекстејџ“, блесна како матурантка. Таа носеше впечатлив аутфит во боја на шампањ, а објави и ретка фотографија заедно со нејзините родители.
Барбара Ракичевиќ, ќерката на една од најпознатите македонски водителки, Мелита Ракичевиќ, е матурантка.
Таа преку неколку објави на Инстаграм откри дека вчеравечер (17.05.2023) ја прославила матурската забава.
За прославата Барбара избра здолниште со шлиц до колкот и стилизиран кроп-топ во боја на шампањ, кои го истакнуваа нејзиното тело.
Таа откри дека комбинацијата е креација на модната дизајнерка Ива Спасовска, но и дека за матурата ја шминкал Дадар, со кого објави и фотографија.
Најголемо внимание привлече фотката на која Барбара е со своите родители - некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, и татко ѝ, Владимир Соме Ракичевиќ, кој беше познат менаџер на ноќниот живот во Скопје во 1990-те години. Тие се разведоа кога Барбара беше мала.
„Љубов најчиста, најискрена и вечна“, напиша Мелита на Инстаграм Стори на фотката на која е со својата ќерка.
Барбара, која кратко време беше водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, e позната и по својот музички талент. Таа досега сними две песни, а нејзината мајка често објавува домашни видеа на кои Барбара пее.
Изминатиов период таа имаше и неколку настапи во кафулиња и клубови низ Македонија.
А. Ј. | Црнобело
Фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:





