Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот
- Детали
- вторник, 16 јули 2024
„Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со кои објави дека таа и Павле Камилоски очекуваат принова и наскоро ќе станат родители на уште едно дете.
Планинарката Ирина Дишовска на својот Инстаграм профил сподели убави вести и објави дека е во блажена состојба.
Таа позираше во цветен фустан, а на фотките веќе се наѕира нејзиното трудничко стомаче. Освен тоа, таа сподели уште една фотографија на која се прегрнати со сопругот и синот.
До објавата има голем број честитки, а има и такви што се пошегуваа дека Ирина и Павле треба да имаат барем 5 деца, затоа што ќе бидат сигурно многу убави.
Инаку, за потсетување, Ирина и Павле во јуни мината година го добија синот Јосиф, а таа во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com откри дека се породила мошне лесно во Државна болница.
Познато е дека таа имаше мошне активна бременост со првото дете, а дали ќе биде така и со оваа бременост, останува да видиме.
Прочитајте и Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





