„За многу години“ – Првите три велигденски јајца во домовите на познатите Македонци
- Детали
- четврток, 17 април 2025
„Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велики Четврток, и додека сите спиеме мајка ми ни правеше црвено-бело-дебело поминувајќи со првото јајце на нашите лица... Сега јас го правам тоа на моите дечиња“ - напиша Ирина Камилоска и објави фотка од првите три велигденски јајца.
Според традицијата, првите три велигденски јајца се вапсуваат на Велики четврток, рано наутро, пред да изгрее сонцето.
Првото јајце се смета за чувар на куќата и се чува цела година, а секогаш треба да биде обоено во црвена боја.
Прочитајте повеќе: Моќта на првото велигденско јајце – зошто јајцата вапцани во четврток пред зори не се расипуваат со денови?
Домаќинките стануваат пред зори, ги вапсаат првите три јајца во црвена боја и поминуваат со јајцето по лицето на членовите од семејството, со зборовите: „Црвено, бело, дебело, здраво и живо“, што значи дечињата да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што симболизира здравје и напредок“.
Иако во голем број домови рано утрово се обоени првите три велигденски јајца за здравје, ги споделуваме фотографиите кои познатите Македонци ги објавија од своите велигденски јајца, со пораки за големиот празник.
Марјана Станојковска
„За многу години Велики Четврток!“
Ирина Камилоска
„Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велики Четврток, и додека сите спиеме мајка ми ни правеше црвено-бело-дебело поминувајќи со првото јајце на нашите лица...
Сега јас го правам тоа на моите дечиња.
Овој празник има навистина големо значење за сите нас. Велигден е најголемиот христијански празник. Нека ни донесе здравје на сите.
Да ја негуваме традицијата, и да ги пренесеме на нашите идни поколенија чувството на љубов, грижливост, емпатија, сочувство, солидарност, љубезност, трпение“.
Снеже Велков
„Нека е за радост!“
Ангела Ѓоргиева
„Велики Четврток“.
Нина Јанева
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





