Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат улогата татко
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
„Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврските и за бањање и за менување пелени и буквално можам сè да правам“, вели Марко Новески за малите Вања и Веда, кои ги доби со саканата Цена.
Во емисијата „НулаМПлус“ на телевизија Телма гостуваа Марко Новески и Владимир Ристов Камењар на тема „Улогата на таткото во развојот на детето“.
Двајцата станаа татковци на подоцнежни години и проговорија зошто ова била вистинската одлука за нив, но и како и колку се вклучени во обврските околу децата.
Водителот Марко Новески пред 7 месеци ги доби близнаците Вања и Веда и стана татко на 44 години.
фото: Инстаграм
За станувањето родител подоцна во животот тој вели дека сè си има своите предности и недостатоци, но за него предностите натежнуваат.
Марко вели:
„За мене е предност што се случи на овие години, затоа што сè што ќе се случеше порано немаше да го терам со вакво темпо.
Животот навистина се дели на пред и потоа, кога станува збор за добивањето деца.
Поминувам време колку што можам повеќе со децата. Дома ги делиме обврски и за бањање и за менување пелени и буквално можам сè да правам.
Единствен проблем е што не можам да врзам повеќе часови во континуитет да спијам, се будам на секои 2 часа. Поделени сме со жена ми по половина ноќ.
Од старт не ми беше страв и да ги бањам и пелена да им сменам, иако беа многу мали“.
Владимир Ристов Камењар, менаџер, член на групата „Нови Дечки“ и инспектор по економски криминал е татко на Јована (8) и Дарин (6).
фото: Инстаграм
Тој за станувањето родител подоцна во животот вели:
„Во подоцнежни години децата малку нервите ќе ти ги истрошат, но ќе добијат поквалитетно воспитување затоа што имаш повеќе искуство, подобро ги гледаш работите, ги согледуваш проблемите, аномалиите, девијантните однесувања“.
Погледнете ја целата емисија за улогата на таткото во развојот на детето:
С. С. | Црнобело