На 13 години од смртта на Гоце Арнаудов, Елвир Мекиќ емотивен: „Ти благодарам за сè што направи за македонската музика“

Легендарниот Гоце Арнаудов, кој секогаш имаше насмевка на лицето, убава енергија и „нè стрелаше“ со добра песна директно во срце, остави музичко наследство за идните генерации. Елвир Мекиќ се потсети на нивната соработка...

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-01.jpg

Токму денес (6-ти декември) се навршуваат 13 години од смртта на легендарниот Гоце Арнаудов.

Нашиот музичар кој секогаш имаше насмевка на лицето, убава енергија и „нè стрелаше“ со добра песна директно во срце остави музичко наследство за идните генерации.

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-06.jpg

По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се врати Елвир Мекиќ - популарниот хитмејкер од 2000-тите години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак. Нивната нова песна „Негде после два“ е хит во најава.

Елвир, кој повторно се активираше на музички план, не пропушти да му оддаде почит и на Гоце Арнаудов, со кој ја отпеаја песната „Лично твој“.

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-07.jpg

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-02.jpg

Елвир сподели видео од песната на Инстаграм и напиша:

„Сеќавање на големиот Гоце Арнаудов. Ти благодарам за сè што направи за македонската музика“. 

Во чест на Гоце беше организиран и концерт во неговата родна Струмица каде на 4 декември 2024 година, во Домот на културата „Антон Панов“, настапија Елена Велевска, Александар Тарабунов, Кристина Арнаудова, Александра Јанева, Огнен Здравковски, градскиот хор на Струмица „Распеани Струмичани“ и многу други наши познати музичари.

Наша музичка легендо нема да те заборавиме!

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-08.jpg

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-09.jpg

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-12.jpg

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-11.jpg

na-13-godini-od-smrtta-na-goce-arnaudov-elvir-mekikj-emotiven-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-za-makedonskata-muzika-10.jpgфото: Инстаграм Елена Велевска

Емотивна објава на Инстаграм сподели и Александар Тарабунов кој напиша:

„Беше привилегија да се расте во твое присуство, голем професионалец и секогаш питом, смирен и ведар, вечна ти слава чичко Гоце Арнаудов“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Македонската двојничка на Кајли Џенер: Тијана е природна убавица со неверојатно тенок струк (фото) Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg