Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србија
- Детали
- петок, 22 ноември 2024
Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, по повеќе од една година си дојде дома во Македонија, па објави слатки фотографии со сопругата Јелена и ќеркичката Мина.
Пејачот Александар Белов, кој долги години живее во Крагуевац, по повеќе од една година се врати во Македонија.
Тој моментално е во Скопје со сопругата Јелена и нивната ќеркичка Мина.
Јелена објави неколку фотографии на Инстаграм, направени на плоштадот во Скопје, на кејот на реката Вардар, покрај триумфалната порта.
На семејните фотки во центарот на вниманието е малата Мина која ужива покрај мама и тато.
Инаку, Александар, кој беше еден од милениците во шоуто „Операција триумф“, откако се пресели во Србија, формираше свој бенд, „Белов бенд“ и постојано настапува во Крагуевац и низ целата земја, а работи и како радиоводител во локално радио.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело