Непријатни моменти на инаугурацијата на Трамп + најсмешните мемиња за настанот (и шеширот на Меланија)
- Детали
- вторник, 21 јануари 2025
Марк Закерберг ѕиркаше во деколтето на Лорен Санчез, а сите се убедени дека Меланија носеше огромен шешир за да не мора да го бакне Трамп. Како помина инаугурацијата на новиот претседател на САД?
Вчера (20.01) Доналд Трамп официјално вторпат стана претседател на САД, а на неговата инаугурација присуствуваа неговата сопруга Меланија, неговите деца и, секако, неговите поддржувачи.
Меѓу присутните беа и некои од најмоќните и најбогатите луѓе на светот, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Закерберг.
Прочитајте и: Лорен Санчез го прекрши дрес кодот на инаугурацијата на Трамп - Марк Закерберг ја зјапа во деколтето
Настанот го одбележаа разни церемонии, како назначување на потпретседател, неколку говори, вклучувајќи го и на Трамп, но и настап на пејачката Кери Андервуд.
Имаше и неколку смешни и непријатни моменти, а како за секој важен настан, твитерџиите се инспирираа и ја покажаа смислата за хумор преку забавни мемиња.
Дел од смешните и непријатни моменти на настанот:
Среде шпекулациите дека се разведуваат, Барак Обама се појави без сопругата Мишел.
Сепак, некои сметаат дека Мишел, едноставно, не го поднесува Трамп, а не дека имаат брачни проблеми со Барак.
Многумина го коментираа изразот на лицето на претходната Прва дама – Џил Бајден – која изгледаше како да е под стрес кога пристигна на церемонијата.
Шеширот на Меланија беше мета на многу шеги.
Имаше шеги и за изразот на лицето на Трамп додека Џеј-Ди Венс положуваше заклетва како потпретседател.
Кери Андервуд се соочи со технички проблем, па пред да почне да ја пее America the Beautiful, скоро две минути во салата владееше мртва и непријатна тишина.
На крајот од церемонијата, Хилари Клинтон на смешен начин го сопре сопругот Бил Клинтон кој тргна да излегува прв, но требаше да им даде предност на другите.
Непријатниот бакнеж на Доналд и Меланија не остана незабележан.
Марк Закерберг „суптилно“ погледна во деколтето на Лорен Санчез.
На следната страница, најсмешните мемиња за настанот и шеширот на Меланија...
Би можело да ве интересира:





