Јелена Розга ја обнови врската со синот на Тончи Хуљиќ - 11 години е помлад од неа, се кријат од јавноста
- Детали
- петок, 24 јануари 2025
„Нема да му влегувам на синот во кревет. Ги поддржувам ако е тоа нивната среќа“, изјавил Тончи Хуљиќ откако во јавноста почнаа шпекулации дека неговиот син е во љубов со некогашната пејачка на „Магазин“.
Хрватската пејачка Јелена Розга, наводно, е во врска со синот на композиторот Тончи Хуљиќ, Иван, кој е 11 години помлад од неа.
Според регионалните медиуми, тие ја обновиле врската која ја почнале пред десетина години, но во меѓувреме раскинале и секој тргнал по својот пат.
Сега, Иван и Јелена изгледа се повторно заедно, и среќни уживаат во љубовта, која, сепак ја кријат од јавноста.
Иван бил покрај Розга во Белград, на концертите што пејачката ги одржа во српската престолнина во декември 2024 и јануари 2025, но ја гледал од публика за да не привлекува внимание.
За љубовта на Иван и Јелена се пишуваше и пред една деценија, но тие тогаш демантираа дека се заедно, туку кажаа дека се само пријатели.
@exyu.hitovi Jelena Rozga i Ivan Huljić_ Novi Početak Ljubavne Priče #jelenarozga #ivanhuljic #par #decko #viral #veza #balkan #novosti #hrvatska #toncihuljic #fyp #new #newtrend #srbija #fypage #tiktok #viralvideo
♬ Originalton - Ex-YU Hitovi
Според нивни заеднички пријател, тие често знаат да отпатуваат некаде заедно, но се трудат да бидат невпечатливи и да не привлекуваат внимание, бидејќи дури и туристи од регионот може да ја препознаат Јелена.
Тие во летото 2024 се тајно фотографирани во Будимпешта како се држат за раце додека се шетаат, со што повторно ги поттикнаа пишувањата дека се во врска.
По последните пишувања за љубовта на Иван и Јелена, Тончи Хуљиќ беше запрашан што мисли за изборот на синот, особено што Јелена е многу постара од него, но и поранешна пејачка на групата „Магазин“, а Тончи е тој што ја откри и ѝ ја туркаше напред кариерата.
„Нема да му влегувам на синот во кревет. Ги поддржувам ако е тоа нивната среќа, а ако не е вистина, тогаш никому ништо“ - рекол Тончи за „Блиц“.
Претходно и Јелена кажа дека е заљубена, но не го откри идентитетот на својот сакан.
„Не сум веќе соло. Гледам во најубавите сини очи. Сè е полесно со оглед на тоа што двајцата ја работиме истата професија.
Мајка ми го обожава, татко ми исто. И сличен е на мене - неоптоварен, нормален, добро момче е“, кажа Јелена во интервју неодамна.