Љупка Митрова и саканиот слават една година во врска - инфлуенсерката објави вљубени фотки

„Да наздравиме за една година љубов“ - пишува струмичката инфлуенсерка Љупка Митрова, која објави фотографии со својот сакан.

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-01.jpg

Љупка Митрова од Струмица, која е една од нашите најпознати инфлуенсерки, прославува една година во врска со нејзиниот партнер.

Љупка, која неодамна отворено зборуваше за својот развод, кој не бил нималку лесен, по подолго време е повторно среќна и емотивно исполнета.

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-03.jpg

Таа и нејзиниот сакан често патуваат заедно низ Европа, а дел од тие фотографии Љупка сега ги сподели на Инстаграм.

На фотките, Љупка се бакнува со саканиот, уживаат во вечера на зајдисонце покрај море, наздравуваат со вино, се прегрнуваат...

„Да наздравиме за една година љубов“ - напиша таа и доби многу честитки и позитивни пораки од пријателите и следбениците.

За потсетување, Љупка беше 15 години во љубовна врска со таткото на своите две ќерки, а брзо по разводот почна да се гледа со победникот на реалното шоу „Големиот брат“ Дарко Спејко од Куманово.

Откако ја раскина оваа врска, не споделуваше ништо за својот љубовен живот, но последниве месеци не крие дека е заљубена и среќна покрај својот нов партнер, со кого беше и на летување, а друштво им правеа и ќерките на Љупка.

Погледнете ги фотографиите:

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-10.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-09.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-08.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-07.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-06.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-05.jpg

ljupka-mitrova-i-sakaniot-slavat-1-godina-vo-vrska-se-pregrnuvaat-i-baknuvaat-uzhivaat-vo-ljubovta-04.jpg

Прочитајте и Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се сакам себеси“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg