Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на село и фарма
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2025
„Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека Белград отиде во неповрат и дека не сакам детето да ми расте во таа средина. Го мразам и ме ужаснува тоа пиење кафе во градот“, изјави Вељко Ражнатовиќ во една пригода, кој својот духовен мир го пронајде во Тител.
Вељко Ражнатовиќ одамна го замени Белград со живот на село (како што вели тој самиот, а всушност станува збор за гратчето Тител, со околу 5.000 жители) и таму ужива со сопругата Богдана и трите сина.
Богдана Ражнатовиќ (Родиќ) во последно време на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 50.000 следбеници постојано споделува фотографии од семејниот живот со Вељко.
Боксот повеќе не е примарна работа на Вељко. Тој со сопругата и синовите Жељко, Крстан и Исаија живее во малото место Тител, каде имаат фарма за свињи.
Тител се наоѓа во Војводина и има околу 5.000 жители.
Во една пригода за српските медиуми Вељко откри:
„Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека Белград отиде во неповрат и дека не сакам детето да ми расте во таа средина.
Го мразам градот и работите кои ги правам тука не можам да ги правам во Белград. Ме ужаснува тоа пиење кафе во градот.
Белград ми е на половина час возење, Зрењанин на 15 минути, а Нови Сад на 20 минути.
Мислам дека растењето деца е поздраво во Тител, отколку во Белград“.
Имотот во Тител парот го добил од родителите на невестата.