Бојана од Скопје се пресели во Хрватска во име на љубовта: „Сопругот е авиомеханичар, ми го има спасено животот“

„Колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за нив? Јас можам. На едно патување во Мексико силни струи ме одвлекоа во океанот и почнав да се давам...“, вели Бојана Матковиќ (43) од Скопје, позната како „Zivot Lutalice“ на Инстаграм.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-01.jpg

Бојана Матковиќ (43) по потекло е од Скопје, но веќе 8 години живее во Хрватска. Нејзиниот сопруг е Хрват и работи како авиомеханичар во Африка.

Таа работи како контент креатор на друштвените мрежи веќе 2 години, профилот ѝ е познат како @zivot_lutalice и на Инстаграм има повеќе од 91.000 следбеници.

За својата професија вели:

„Имам комплетна поддршка од мојот сопруг за работава што ја работам.

Работам со многу туристички заедници, министерства на туризам, хотели, па често сум на пат поради тоа, меѓутоа мојот сопруг има огромно разбирање и ме поддржува во работата“.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-03.jpeg

За CRNOBELO.com таа споделува детали за нејзината љубовна приказна и животот во Хрватска:

Што те одведе во Хрватска, а што те задржа?

Во Хрватска дојдов пред 8 и пол години поради тогашниот дечко, а сегашен сопруг, Жељко.

Кога доаѓав, планот беше да поседам 2-3 седмици во Хрватска со него, меѓутоа тој посака да останам овде засекогаш и за кратко време ме запроси.

После неколку месеци се венчавме и од тогаш живеам во Хрватска со него и нашите 3 кучиња.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-25.jpeg

Каков ти беше првиот впечаток за земјата, а каков откако почна да живееш таму? Што те воодушеви најмногу, а што те разочара?

Јас имам тетка која живее овде во Загреб, па не ми беше тоа првпат да сум во Хрватска.

Од секогаш ми се допаѓала нивната култура и начин на живот. Овде е многу подобро организирано друштвото, луѓето се покултурни - сите те поздравуваат, се насмевнуваат иако не те познаваат, генерално животот е помирен, но и доста поскап во споредба со Македонија.

Во почетокот ми беше тешко да се навикнам на многу работи. Јазикот не ми беше толку непознат, но и ден денес си го имам македонскиот акцент и не говорам течно.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-10.jpeg

Освен тетка ми и сопругот, не познавав никого. Мојот сопруг работи во Африка, па секој пат кога ќе отидеше на работа јас останував сама дома во земја во која не познавам никого.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-30.jpeg

Не беше лесно, но со текот на времето полека се навикнав, запознав многу нови луѓе и полека, полека почнав да градам нов живот од нула.

Најтешко од сè беше средувањето на документите бидејќи се прилично ригорозни по тоа прашање, па ми требаше доста време да ги средам сите документи и да можам да почнам да живеам и работам овде како рамноправен граѓанин.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-07.jpeg

Одиш ли често на море? Ти пречи ли напливот на туристи во топлите месеци?

Одиме често и пред и после и за време на сезоната. За среќа, имам доста пријатели кои живеат на различни делови од Хрватска, а посебно на море, па често сум и кај нив на гости.

Мене лично турканиците не ми сметаат бидејќи после толку години овде, знаеме скриени места каде што не доаѓаат туристите и каде е помирно.

Единствено што ми пречи мене, а верувам и на сите овде, е метежот во сообраќајот на лето, Понекогаш е толку голем метеж што пат кој би го извозила обично за 4 часа се претвора во пат од 10 часа и цените се од сезона во сезона сè поскапи.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-16.jpeg

Како и каде се запознавте со партнерот?

Жељко го запознав пред многу години во Скопје. Тој е авиомеханичар и тогаш работеше на терен во Скопје и доаѓаше како гостин во едно кафуле, каде што јас работев додека одев на факултет.

Некое време се гледавме, но набрзо го префрлија во Германија и далечината си го направи своето - прекинавме да се гледаме, но некако секогаш се враќавме еден на друг, често се слушавме, тој отсекогаш ме викаше да дојдам да живеам со него во Хрватска, но јас не бев спремна на тоа.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-15.jpeg

Одев на факултет, не сакав да си го напуштам друштвото и животот во Македонија.

По факултетот се вработив на друго место, одлично заработував, но судбината очигледно имала друг план за мене и после долги години пак ме спои со него.

Сè останато е историја.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-18.jpeg

Во што се Хрватите како народ поинакви од Македонците?

Како што веќе реков погоре, имам чувство дека се доста покултурни од нас, секогаш се љубезни, секогаш се убаво дотерани, не се нападни, многу повеќе културни манифестации се организираат овде, дури и стари луѓе од 70-80 години ќе ги видите како танцуваат на некој рок концерт.

Мене ме прифатија одлично. Генерално сите овде ја сакаат Македонија и Македонците и штом слушнат од каде сум, веднаш сите ме поздравуваат и почнуваат да ни ја фалат нашата мала Македонија.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-14.jpeg

Како би го опишала сопругот? Кои се неговите квалитети? Колку се разликува тој, па и мажите во Хрватска, воопшто, од мажите кај нас во поглед на бракот?

Јас често знам да кажам дека мажи како мојот сопруг се исчезнати со диносаурусите.

Прво и основно се разликуваат во однесувањето кон своите девојки/жени.

Го нема тој класичен балканизам, каков што е кај повеќето мажи во Македонија. Не се љубоморни, полни се со разбирање.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-23.jpeg

Јас имам комплетна поддршка од мојот сопруг за работава што ја работам. Работам со многу туристички заедници, министерства на туризам, хотели и сл. па често сум на пат поради тоа, меѓутоа мојот сопруг има огромно разбирање и ме поддржува во работата.

Тој е доста скромен и вреден човек, кој е подготвен да направи сè за мојата среќа.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-32.jpeg

Мислам, колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за нив? Јас можам.

На едно патување пред неколку години во Мексико силни струи ме одвлекоа во океанот и почнав да се давам. Мојот сопруг без размислување влезе во водата да ме спаси.

Штом ме одвлече на сигурно, тогаш него го одвлече струјата, па на крај, фала му на Господ, нè забележале спасувачите на плажата, па дојдоа со џет-ски да не извлечат.

Звучи како сцена од филм, знам, но ете, тоа само покажува каков човек е тој.

bojana-od-skopje-se-preseli-vo-hrvatska-vo-ime-na-ljubovta-soprugot-e-aviomehanichar-mi-go-ima-spaseno-zhivotot-04.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg