Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов на прв поглед“

„За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои поминуваа покрај мене. Една жена ми ја покажа личната карта за да видам дека е родена на ист ден. Поради венчето ни ја дадоа најубавата маса во ресторанот во Чинкве Тере, иако резервацијата ни беше помината 4 часа претходно“, вели Ива од Битола за патувањето во Италија.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-128.jpg

Ива Крстевска Бакулев oд Битола, блогерка и судија-поротник при Апелационен суд Битола, со сопругот беше на патување во Италија, каде што го прослави својот 31-и роденден.

Таа ни раскажа за патувањето во земјата која ја посетува барем еднаш годишно, за градовите кои ги виде во тие 4 дена, за превозот и цените во Италија, а ни откри и кои места се најголемите „туристички замки“.

Ива ги сподели деталите од патувањето на CRNOBELO.com:

Често патуваш во Италија... Кои места ги посети овој пат?

„Па, не баш често, еднаш годишно. Италија ми е една од омилените дестинации и во план ни е со сопругот да ја посетиме цела. Овој пат бевме четири дена, а ги посетивме Пиза, Фиренца и Чинкве Тере.

Првпат го посетивме овој дел од Италија, дел од Тоскана и Лигурија. Лигурско Море и крајбрежјето, петте села и околните ридови се дел од националниот парк Чинкве Тере, кој е светско наследство на УНЕСКО.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-12.jpg

Што ти остави најсилен впечаток, а што те разочара на ова патување?

Италија никогаш не може да ве разочара, баш напротив. Од целото патување Чинкве Тере ми го одзеде здивот е и вистински рај за очи, а мене ми беше љубов на прв поглед. Како да сте во некоја колоритна бајка и се чувствувате дека постоите само вие.

Отсекогаш сакав да ја видам кривата кула во Пиза која важи за една од најпопуларните атракции во Италија, само што не мислев дека навистина е до толку крива.

Треба малку да се оддалечите од неа и тогаш ќе приметите колку, всушност, таа е крива и навалена. Ако стоите пред неа, одблизу изгледа права.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-27.jpg

Виде ли работи кои се „туристички замки“ - одлични на фотки, а во реалноста не ти се допаднаа и се преценети?

Плоштадот Микеланџело во Фиренца, кој го има најубавиот поглед кон градот и каде илјадници туристи секој ден на скалите го чекаат прекрасното зајдисонце, е вистинско дувло на измамници кои на најразличен начин сакаат да ве излажат и намамат.

Кога бевме ние имаше лице кое под чаши криеше топче и ги мешаше чашите, а вие требаше да погодите каде е топчето. Вложуваш 50 евра, а ако погодиш добиваш дупло.

Човекот имаше четворица негови луѓе, соработници и само тие ‘се кладеа’ за да ги навлечат и другите, па една жена потроши скоро 400-500 евра, но потоа повика полиција и тие си заминаа.

Исто така има и доста џепчии и луѓе кои ви се наметнуваат со сила да ви направат одлични фотки.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-10.jpg

Во Италија го прослави и роденденот. Како си помина?

Ова почна да станува традиција, да славам роденден во Италија. Беше тоа прекрасен сончев ден поминат во Чинкве Тере, а ги посетивме трите селца Риомаџиоре, Вернанца и Манарола.

Роденденот го прославив во познатиот ресторан Nessun Dorma во Манарола, чија тераса го има најубавиот и најживописен поглед кон Манарола и Лигурското Море.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-22.jpg

Дали патувавте со агенција или сами си го направивте патувањето со сопругот?

Сами си организиравме сè, само што првичниот план беше да ја посетиме цела Тоскана, но потоа го променивме.

До Пиза летавме од Тирана со директен лет кој го има секој ден. Од Пиза се движевме со воз. До Фиренца и до Чинкве Тере има директни возови и патувањето трае еден час.

iva-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-italija-vo-firenca-ima-djepchii-i-izmamnici-chinkve-tere-beshe-ljubov-na-prv-pogled-28.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg