Уникатен роденден на битолчанка во Венеција на гондола, со балони и во локал со спектакуларен поглед
- Детали
- вторник, 11 април 2023
„Сопругот ми кажа дека, за жал, оваа година нема да можеме никаде да одиме затоа што има многу неодложни обврски. Но, всушност имал испланирано роденденско патување за мене. Се сеќавам пред неколку месеци ми даде да влечам ливчиња...“, вели Ива Крстевска Бакулев oд Битола за CRNOBELO.com.
Ива Крстевска Бакулев oд Битола, блогерка и судија-поротник при Апелационен суд Битола, го прослави својот 30-ти роденден на патување во Венеција, организирано како изненадување од страна на нејзиниот сопруг.
Ива ги споделува деталите за CRNOBELO.com:
„Мојот сопруг две седмици пред мојот роденден ми кажа дека ќе одиме на патување во Италија, а пред неколку месеци ми имаше дадено да одберам некои ливчиња и не ми дозволи да видам што е.
Кога стигнавме на аеродромот во Скопје, дури тогаш дознав дека одиме во Венеција.
Во Венеција веќе сум била, но само на половина ден преку екскурзија во средно училиште и воопшто не очекував ни дека некаде ќе одиме за роденденот, бидејќи сопругот беше доста убедлив со тоа дека е зафатен, а обично родендените си ги прославуваме во блиските соседни држави.
Ми кажа дека, за жал, оваа година нема да можеме никаде да одиме затоа што има многу неодложни обврски.
Пријатно бев изненадена од тоа како добро го сокрил од мене, бидејќи по природа сум доста љубопитна личност.
Прославував јубилеен 30-ти роденден во еден од најромантичните градови во светот, со полно срце љубов, премногу воздишки од прекрасните глетки, коишто градот на вода ги овозможува и ве прави да се чувствувате како да постоите само вие и вашиот сакан, возејќи се на гондола низ сите тие канали, романтичен гест кој секогаш ќе ми останe во сеќавањето.
Роденденот го прославив во палатата „The Gritti Palace, a Luxury Collection Hotel, Venice“ со спектакуларeн поглед кон Големиот канал.
Ова е феноменално место кое на сите топло ви го препорачувам.