Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грција и Црна Гора“

„Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на останатите плажи по 20 евра. Цените на рестораните во Ксамил и Саранда се како да седите во центарот на Охрид и Скопје“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Спасе Манев, туристички водич кој ова лето беше на одмор во Албанија.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-01_copy_copy_copy.jpg

Спасе Манев е роден и живее во Скопје. Завршил на факултетот за Маркетинг Менаџмент при УТМС, а по занимање е туристички водич.

На македонската јавност најмногу ѝ е познат како администратот на Фејсбук страната „Патувања низ Македонија“ каде редовно нè запознава со убавините на нашата земја и местата што секако вреди да се посетат.

Тој е вистински туристички промотор на Македонија, но како вљубеник на патувањата често сака да оди и надвор од границите на нашата земја.

Ова лето, тој одлучи летниот одмор да го помине во Албанија, каде имаше можност да посети повеќе туристички места, плажи, знаменитости и природни убавини.

Во рамки на посетата на соседната земја, Спасе посетил повеќе места, а во интервју за CRNOBELO.com споделува повеќе информации за нив, но и за тоа како се движат цените, кои туристи најчесто може да се сретнат таму и што е она што вреди да се посети.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-02.jpg

Во продолжение целото интервју со Спасе:

Каде беше во Албанија? Кои туристички места имаше можност да ги посетиш ова лето?

Ова лето се одлучив одморот да го поминам во Ксамил, кое важи за најпопуларно место во Албанија.

Ако Охрид е бисерот на Македонија, тогаш за Албанија тоа е Ксамил или како што понекогаш го нарекуваат ова место „Албанските Малдиви“.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-30.jpg

Моето патување во Албанија започна со плажите во Ксамил, а заврши со парковите во Тирана.

Во Ксамил и неговата околина посетив неколку плажи како Бора Бора (Bora Bora), Пема е Тате (Pema e thate), Лори (Lori) и подалечни како плажата во Борш (Borsh), Бунеци (Buneci) и Порто Палермо (Porto Palermo), кои ми оставија најголем впечаток, замоците Лекуреси и Порто Палермо, најголемиот и најпопуларниот извор во Албанија, Синото Око (Syri i kaltër), градовите Ѓирокастро и Тирана.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-05.jpg

Кажи ни накратко како се движат цените на плажа? Скапа ли е Албанија за нашите туристи?

Мојот последен одмор во Ксамил беше во 2021 година и цените во споредба со тогаш многу се сменија, односно пораснаа.

Не би можел да кажам дека цела Албанија е скапа, бидејќи има и поевтини места за одмор, но популарните дестинации како Ксамил, Саранда и Валона, стануваат малку скапи за македонските туристи.

Цените на лежалките во Ксамил се скапи за нашите туристи, но исто така и за дел од останатите туристи од поразвиените земји во Европа кои го посетуваат ова место во Албанија.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-17.jpg

Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт (Tre Ishujt), 30 евра на Бора Бора (Bora Bora), а на останатите плажи по 20 евра, додека на некои плажи во Ксамил, последните неколку реда на лежалки се изнајмуваат за 15 и 10 евра.

Ова се цените за две лежалки и чадор.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-14.jpg

Иако лежалките се многу комотни и убави, дури и поубави од многу плажи во Грција, сепак ова се скапи цени за Ксамил кој сè уште туристички се развива.

За да се напиете нешто на плажите, цените се:

  • Вода – 100 леки (1 евро);
  • Нескафе – 300/400 леки (3/4 евра);
  • Лименка Кока-Кола – 250 леки (2.5 евра);
  • Капучино – 300 леки (3 евра);
  • Педалинка – 1.500 леки (15 евра);
  • Превоз со бротче до еден од трите острови – 40 евра за 4 луѓе (ве оставаат таму и се договарате кога да ве земат);
  • Цените во баровите на плажа скоро секаде во Ксамил се исти или со минимална разлика од 50-100 леки.

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-16.jpg

А како се движат цените во маркетите и рестораните?

Цените на рестораните во Ксамил и Саранда се како да седите во центарот на Охрид и Скопје. Цените во рестораните се:

  • Свинско и пилешко гиро – 400 леки (4 евра)
  • Средна пица за еден човек 4 сирења/пица со пилешко – 750/800 леки (7.5/8 евра)
  • Цезар салата – 500 леки (5 евра)
  • Пилешка супа – 400 леки (4 евра)
  • Рибја супа – 450 леки (4.5 евра)
  • Традиционалното јадење Таве Коси – 800 леки (8 евра)
  • Мусака – 700 леки (7 евра)
  • Бурек со сирење ¼ – 150 леки (1.5 евра)
  • Трилече – 250 леки (2.5 евра)
  • Сладолед топче 150/200 леки (1.5/2 евра)

spase-manev-za-odmorot-vo-albanija-najskapite-lezhalki-se-35-evra-smestuvanjata-se-podobri-od-grcija-i-crna-gora-18.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg