Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има планини кои личат на десерт“

„Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфликт, но безбедноста во сите 3 земји беше на ниво. Локалците во Грузија беа ретко насмеани, но би се вратила да поживеам таму. Ерменија е најевтина, а Азербејџан најскапа“ – Теона Манго од Битола раскажува за 15-дневното патување низ земјите на Кавказот.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-01.jpg

Теона Манго (26) од Битола, која работи како инфлуенсер и контент креатор и живее во Њујорк, неодамна беше на патување низ Кавказот. 

Таа помина 15 дена патувајќи низ најубавите знаменитости, градови, планини и селца на Грузија, Ерменија и Азербејџан и е воодушевена од секоја од нив на посебен начин. 

За своето искуство, позитивните и негативните страни од патувањето и местата кои ги посети, Теона раскажува подетално за CRNOBELO.com:

Како се одлучи за патување во Ерменија, Грузија и Азербејџан? Дали патувањето во трите земји беше планирано или спонтано?

Ми беше голема желба да го посетам Кавказот, особено Грузија.

Ги обожавам нивните кујна и вина и имав слушнато многу позитивни работи за Грузија и Тбилиси, па така некако падна и одлуката да се направи патување низ овој регион и да се спојат овие 3 држави во едно патување.

Патувањето во трите земји беше планирано скоро два месеца претходно, бидејќи се поминуваа три земји од кои две се во конфликт и границите им се затворени (Ерменија-Азербејџан), па беше потребно да се направи добра логистика за како од една во друга земја, по кој редослед да се посетат земјите, а и навремено да се извадат визи.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-02.jpeg

Од каде и како патуваше до првата дестинација, Ерменија? Потребна ли е виза за секоја од нив? Дали летовите до овие земји се лесно достапни и со пристапни цени, колку време се лета од една до друга?

До Ереван, главниот град на Ерменија, летав од Софија. Од неодамна има директен лет со авиокомпанијата Wizz Air и картата чинеше околу 70€ во еден правец со багаж, летот е околу 3 и пол часа.

За Ерменија потребна е виза за македонски државјани, визата се вади онлајн и чини 8$.

Од Ереван, Ерменија до Тбилиси, Грузија отидов со комбе или како што ги викаат маршрутка, патот беше долг и напорен - 7 часа по планини и кривини, дефинитивно требаше да одам со опцијата што беше директен лет од 40 минути. За Грузија не ни е потребна виза.

Потоа од Грузија до Азербејџан летав со авиокомпанијата Azerbaijan Airlines, карта во еден правец со багаж ме чинеше 170€, летот е 1 час.

За Азербејџан потребна е виза за македонски државјани, визата се вади онлајн и е 25$.

За крај, од Баку летав директно за Софија исто така со Azerbaijan Airlines, карта во еден правец со багаж ме чинеше 250€, и летот траеше скоро 4 часа.

Има неколку нискобуџетни компании кои имаат летови до овие земји, така што може да се најдат поволни карти.

Овие држави немаат многу туристи (особено не од Македонија), па на пасошка контрола им требаше време да ја најдат Македонија, а и следуваа многу прашања зошто ја посетувам државата.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-03.jpeg

За секоја од трите земји накратко – што најмногу те воодушеви, а што ти остави негативен впечаток или барем не таков каков што си очекувала?

Од Ерменија најмногу ме воодушеви Ереван, градот беше жив, многу кафулиња, ресторани, луѓе на сите страни и прекрасен поглед на планината Арарат.

Исто така ми се допадна многу и езерото Севан и манастирот Севанаванк беше пејзаж како од некоја бајка.

Од Грузија бев комплетно воодушевена од природата, пејзажите, храната, винскиот регион и Тбилиси.

Планинскиот регион Казбеги е навистина прекрасен, едно од најубавите места кои сум ги посетила.

Винскиот регион Какхети беше исто така феноменално искуство, хотели со фамилијарни винарии, прекрасна природа и предобро вино направено на традиционален грузиски начин.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-08.jpeg

А, Тбилиси може да се компарира со европски град, спој на стара и модерна архитектура, преубави ресторани и кафулиња, ноќен живот и каде и да бевме во Тбилиси, ентериерот беше фантастичен.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-04.jpeg

Од Азербејџан најголем впечаток ми оставија Candy Cane планините кои се шарени и изгледаат буквално како десерт, но во исто време и како да сте на некоја друга планета.

Друго што ми се допадна е архитектурата во Баку, еден интересен спој на модерна и стара архитектура, голем фан сум на градбите на Заха Хадид, така што бев многу среќна што имав можност да го видам во живо Хејдар Алијев центарот во Баку дизајниран од Хадид.

Ниедно место не ми остави некој негативен впечаток, напротив бев позитивно изненадена од сите три држави, некако очекував да бидат понеразвиени и не многу заинтересирани за туристи, но беа целосно обратно од моите очекувања.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-06.jpeg

Каква е традиционалната кујна во Ерменија, Грузија и Азербејџан? Ти се допадна ли храната? Кои специјалитети ги препорачуваш, а кои се каеш што ги проба?

Храната е спој на источно-европска/руска кујна со турска и близок исток, на некој начин слична со нашата кујна.

Јадењата главно се базираат на месо, особено јагнешко и мелено месо, имаат многу јадења кои содржат јаглехидрати (печива, леб, кинкхали, лаваш), многу кашкавали и сирења, салати и вино.

Од специјалитети кои мора да се пробаат издвојувам: лаваш (традиционален ерменски леб), намаз од ореви, потпечен црн патлиџан полнет со фил од ореви, мантии, сушени овошја полнети со јатки и сок од калинка во Ерменија.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-07.jpeg

Кинкхали (дамплингс полнети со месо), кхачапури (леб со многу кашкавал и јајце), Chikhirtma (пилешка супа) и црвено вино правено во квеври (буре од теракота) во Грузија.

Плов или пилаф (ориз со шафран, зачини, зеленчук и месо), Долма (сарма), и Qutab палачинка полнета со месо или спанаќ во Азербејџан.

Немаше едно лошо јадење кое го пробав, единствено што скокнав и не пробав беше пити-чорба од изнутрици.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-0.jpeg

За секоја од трите земји накратко – кои места/градови/села ги посети и што ти остави најмногу впечаток? Кои знаменитости/атракции мора да се посетат според тебе?

Во Ерменија го посетив главниот град Ереван, Кхор Вирап, Дилижан, Езерото Севан, Гарни и Гош. Најмногу впечаток ми оставија Ереван, Езерото Севан и ерменската кујна.

Она што не смее да се пропушти е Ереван, меморијалниот центар за геноцидот врз Ерменците, манастирот Кхор Вирап, Езерото Севан со манастирот Севанаванк и она што јас не стигнав да го посетам-манастирот Татев.

Во Грузија ги посетив Тбилиси, Националниот Парк Казбеги и Џута, винскиот регион Какхети и Мтшкета.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-10.jpeg

Она што не смее да се пропушти е Националниот Парк Казбеги, манастирот на Светото Тројство и малото селце Џута, Тбилиси и винскиот регион Какхети.

Во Азербејџан ги посетив Баку и Candy Cane планините, и двете се нешто што не треба да се пропушти, она што би додала да се види, а јас за жал не успеав се Гобустан Националниот Парк и градот Шеки.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-11.jpeg

Какви се локалците во трите земји? Каков живот живеат? Како ги прифаќаат странците? Зборуваат ли англиски, како се разбиравте?

Карактерно, а и физички, локалците во трите земји се многу различни иако се едни до други и некогаш биле една иста држава.

Локалците во Ерменија и Азербејџан беа многу гостопримливи, фини и топли, додека пак во Грузија беа порезервирани и ретко насмеани.

Не би рекла дека живеат нешто многу поразлично од државите во Европа, особено споредено со Балканот и Источна Европа.

Странците се добро прифатени, иако добивавме доста прашања зошто сме одлучиле да ја посетиме баш нивната земја.

Англиски зборуваат повеќето, исто така и во сите три држави сите зборуваат руски, така што не беше тешко да се разбираме.

teona-mango-za-posetata-na-kavkazot-pejzazhite-vo-gruzija-se-bez-konkurencija-najubavi-a-vo-azerbejdjan-ima-planini-koi-lichat-na-desert-kako-od-druga-planeta-14.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg