„Ние отидовме во ’летна‘ сезона, тоа значи 10-15 степени со постојан ветер и ситен дожд како прашина. Интересно е тоа што во овој период денот трае скоро 22 часа, и цело време е светло. Но, Исланд е совршена дестинација заради нереално убавите пејзажи, зеленилата до недоглед, огромните водопади, најцрните плажи, магичните глечери, восхитувачките вулкани, претоплите луѓе кои нè дочекаа …“, раскажува Софија Спасов (28) од Скопје за CRNOBELO.com за медениот месец со актерот Јаков Спасов, син на Драган Спасов Дац.