„Живеев на Малдиви неколку месеци - се пострижував кај локален бербер, танцував со локалците до рано наутро“

Понекогаш се чудам колку малку време ми е потребно за да се приврзам со некое место… Во ноември и декември, Мафуши го дефинирав како некоја дестинација што треба да ја посетам. Скоро секоја вечер по вежбање, со набрзина подготвена храна гледав различни влогови и документарци за овој локален остров и пробував да се замислам себеси на неговите улички и под сенките од палмите.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 1

Кога пред три месеци стигнав на пристаништето на Мафуши заедно со група на патници од Џангл Трајб, целиот испотен и облечен во фармерки и маици, по седумчасовниот лет од Истанбул, требаше да поминат неколку дена за конечно да сфатам дека сум тука. Во краен случај и тоа е дел од приказната.

Ако на почеток оваа површина од километар на 300 метри ми изгледаше недофатлива, сега таа е дел од мене. Се навикна на моите чекори и потпевнувања, на моите прашања и барања… Едноставно се спријателивме!

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 12

Хм, па да почнеме. Понекогаш знам да позајмам нечиј велосипед и си правам својата маршрута, а тоа е доволно за да ви го пренесам локалниот остров Мафуши во облик и форма која ќе ве натера да го посетите еден ден.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 4

Штом ќе излезам од хотел „Арена“ во кој живеам, ќе се поздравам со пријателите од Индија, Бали и Бангладеш. Секогаш се тука, зашто работат по 12 часа во ресторанот или на рецепција, па затоа многу ретко може приватно да се дружиме.

Исто така, само што ќе стигнеш на островот ќе сфатиш дека сè се одвива бавно, никој за ништо не брза. Вистински контраст на она на што сме навикнати. Не можеш да им замериш, тоа е дел од нив.

Кога ќе седнеш во некој ресторан биди подготвен да почекаш некое време додека да ти стигне храната и пијалакот. За тоа време земи и читај, така времето најбрзо ќе ти помине!

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 13

Потоа продолжувам по уличката каде се наоѓаат бараките кои продаваат спортски активности и екскурзии. Понудата скоро секаде е иста, само се разликуваат по цените, во зависност колку ќе се исценкаш на крај.

Најретко можеш да најдеш екскурзија за пливање со кит-ајкули. Ем патот е долг, ем не е секој подготвен за таква експедиција.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 16

После поминуваш покрај главното пристаниште на Мафуши. Секогаш е преполно со бротчиња, некои пристигаат на островот, другите си заминуваат. Ова место е почетна точка за сите екскурзии: од пливање со делфини, ајкули до ноќен риболов и посета на ресорти.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 17

Ако погледнеш во далечина ќе го забележиш бродот што продава алкохол, а истовремено функционира и како диско. Поради тоа што алкохолот е забранет, освен на приватни ресорти каде што нема локално население, туристите кои го посетуваат Мафуши често завршуваат на овој „уникатен брод“.

По пат ќе сретнеш минимум дваесеттина мачки кои зјапаат во тебе во исчекување дека ќе ги нахраниш. Да бев во бифето од хотелот, тоа сигурно ќе го направев.

Ако продолжиш уште право ќе стигнеш до најголемиот затвор на Малдиви, а пред него има едно кул местенце „Мунлајт“, таму најчесто излегуваме со патниците од Џангл Трајб.

Ги обожавам ноќите кога има „бодуберу“ – традиционална малдивска музика. Кога и да свират дечките секогаш сум „жива вода“. А, имаат и добри коктелчиња.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 18

Од тука многу лесно можеш да се мушнеш во сокачињата каде што живеат локалците и да излезеш на уличките со продавнички за сувенири, супермаркети, најголем дел од нив се добро снабдени и еден куп ресторани.

Таму некаде е и фризерскиот салон, кога пред месец ипол отидов да се шишам и пробав да се ценкам, фризерот ми рече ако не ми одговара цената да се вратам во Македонија и таму да си ја скратам косата. Немав друг избор, па прифатив!

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 5

Во близина се наоѓаат и фудбалското игралиште, пекарницата, болницата, аптеката, школото. Сè е збиено на едно место...

Каде и да одиш ќе слушаш и ќе гледаш моторцикли, поради тоа што на островот моторциклите им се главните превозни средства постојано ќе налетуваш на нив. Со исклучок на еден-два автомобили што знаат да се појават.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 19

За овие неколку месеци стекнав доста пријатели и познаници од Мафуши. Дури почнав да ги бришам старите навики и размислувања, за да се приспособам на она тука и сега.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 3

Ако во Македонија постојано бев растрчан и не ми се знаеше ни крај ни почеток, тука некако сè ми се одвива толку бавно, што и самиот не можам да се изначудам на она во што се претворив.

Понекогаш и седење на песочен насип причинува задоволство за кое претходно воопшто не си ни бил свесен!

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 6

Има денови кога ништо не се случува. Е па во такви ситуации мора да си најдеш некоја занимација, инаку ограничениот простор од километар на 300 метри не може баш секој да го поднесе на подолг временски период.

Па затоа почнав да истражувам митови и легенди што кружат за Малдиви. Се изнаслушав сè и сешто, посебно од постарите луѓе кои без престан сакаат да зборуваат за вакви морбидни стории.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 8

Со децении кружат секакви приказни: од рибарски бродови кои исчезнале на неопределен временски период, до огнени топки кои од никаде се појавувале на површината на океанот, до ненадејно појавување на тела од мртовци и ковчези и бротчиња кои изгледаат дека патуваат со часови, а всушност стојат во место… И појавување на острови што не се забележани на ниту една мапа.

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 7

И како за крај пак ќе кажам колку е пријатно чувството кога остваруваш близина со луѓе на места за кои никогаш не си помислил дека би престојувал со месеци.

Од друга страна, тоа е единствениот начин да дознаеш како луѓето живеат насекаде низ светот, сè друго е обична бајка и задоволување на нашите каприци.  

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 2

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 9

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 11

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 10

maafusi lokalen ostrov na maldiiv druzeljibivi lokalci mnogu avanturi vo okeanot i parce zemja so koja lesno se sprijatelivme 5

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg