Софија и Јаков Спасов за медениот месец во Исланд: „Пејзажите беа како од друга планета, ни фалеше уште по некоја јакна“

„Ние отидовме во ’летна‘ сезона, тоа значи 10-15 степени со постојан ветер и ситен дожд како прашина. Интересно е тоа што во овој период денот трае скоро 22 часа, и цело време е светло. Но, Исланд е совршена дестинација заради нереално убавите пејзажи, зеленилата до недоглед, огромните водопади, најцрните плажи, магичните глечери, восхитувачките вулкани, претоплите луѓе кои нè дочекаа …“, раскажува Софија Спасов (28) од Скопје за CRNOBELO.com за медениот месец со актерот Јаков Спасов, син на Драган Спасов Дац.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-01.jpg

Софија Спасов (28), по професија графички, UI/UX дизајнер и актерот Јаков Спасов (32), вработен во Театар Комедија, двајцата од Скопје, по свадбата која ја направија на 27-ми мај, заминаа на меден месец во Исланд.

Исланд е островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Се наоѓа северозападно од Велика Британија, до самиот Северен Поларен круг.

Прочитајте и Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана Софија

Софија, за CRNOBELO.com, открива како ја избрале оваа уникатна земја како дестинација за меден месец и какви искуства носат оттаму:

Зошто токму Исланд како дестинација за меден месец?

Лично мене отсекогаш ми беше интересна и необична дестинација Исланд и одамна ми беше на листата на земји кои би сакала да ги посетам.

Кога му предложив на Јаков таму да одиме на меден месец, без никакво колебање или убедување се согласи веднаш и почна планирањето.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-09.jpeg

Колку беше тешка организацијата на патувањето? Потфрливте ли во некој аспект?

Организацијата на патувањето не беше тешка затоа што и двајцата посветивме време да истражиме сè што е достапно за да се припремиме како што треба.

Целосно патувањето го организиравме сами со мала помош од пријатели, кои веќе биле таму и можам да се пофалам дека навистина не потфрливме во ниеден аспект, освен можеби што не земавме дополнително уште по некоја јакна да ја облечеме врз трите што веќе ги носевме.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-19.jpeg

Како изгледаше патувањето дотаму и колку дена престојувавте таму?

Со оглед на сè што се случува во светот и големиот број на откажани и преместени летови, и бидејќи нема директен лет од Скопје до Рејкјавик, одлучивме летовите да ги организираме со преспивање во други градови.

Летот натаму го реализиравме преку Копенхаген, каде што останавме два дена да се видиме со наши драги пријатели, па на Исланд бевме 7 дена, а на враќање останавме два дена во Милано.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-21.jpeg

Каде бевте сместени и кое место ви остави најсилен впечаток?

Бевме сместени во предградието на Рејкјавик (Хамраборг), во супер апартманче кое го најдовме на booking и од таму си ги организиравме сите тури.

Иако, сè што видовме и посетивме беше како од друга планета, мислам дека би можела како највпечатливо да го одвојам јужното крајбрежје на Исланд, исполнето со многу зеленило, нереално убави пејзажи, долги плажи со најцрн песок и огромни водопади како од филм.

Како и прошетката по новата лава од вулканот кој завршил со ерупција претходната година во септември.

Три дена откако се вративме, еруптираше еден од вулканите кои ние ги посетивме додека бевме таму.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-17.jpeg

Каква клима ве дочека?

Ние одлучивме да одиме во „летна“ сезона, тоа значи 10-15 степени со постојан ветер и ситен дожд како прашина. Интересно е тоа што во овој период денот трае скоро 22 часа, и цело време е светло.

За наша среќа, цело време шетавме и бевме уморни така што воопшто не ни претставуваше проблем спиењето навечер.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-06.jpeg

Зошто Сината Лагуна е посебно доживување?

Сината Лагуна е термална бања која со долги години се верувало дека е отровна, сè додека некој научник не дошол и земал примерок и открил дека всушност водата во Сината лагуна е многу лековита.

Оттогаш водата ја користат за лечење на голем број болести и се смета за едно од светските чуда.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-20.jpeg

Ние ја посетивме лагуната по долга тура по вулканска лава и чувството додека бевме таму беше навистина смирувачко и опуштено, а откога излеговме се чувствувавме полни со енергија.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-05.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg