Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви пловењето со китови“

„Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба да ја посети. Китовите навистина изгледаа импресивно и грандиозно и ова беше спектакуларно и незаборавно искуство“ - вели за CRNOBELO.com Стефан Спирковски, кој беше на патување во Исланд.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-01_1.jpg

Нашиот фитнес модел, Стефан Спирковски (31), е страстен авантурист и голем љубител на патувањата.

Тој неодамна, со поголема група свои пријатели, замина на патување во Исланд.

Таму, во еден ден доживеа промена на 4 годишни времиња, потоа посети бројни вулкани, виде орка китови додека пловеше со брод, уживаше во убавините на поларната светлина, се капеше во термални извори на температура од околу 0 степени и дневно поминуваше по околу 300km за во една ден да види што е можно повеќе од островот.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-46.jpg

Во текот на патувањето, тој своето воодушевување го споделуваше со следбениците на социјалните мрежи.

А сега, за CRNOBELO.com, го раскажа своето искуство од авантурата на северот на Европа:

„На Исланд отидовме организирано, преку агенција. Таму бевме 6 дена - тргнавме од Скопје до Софија и оттаму летавме до Осло.

Преку Норвешка стигнавме до Кефлавик на Исланд.

Патувањето траеше околу 30 часа бидејќи не постои директен лет од Скопје.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-03.jpg

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-19.jpg

Ги посетивме скоро сите атрактивни места благодарение на тоа што бевме со кампери и го направивме популарниот Ring Road на Исланд.

Најпрво го истраживме Рекјавик и некои од најинтересните знаменитости на градот. 

Бевме вкупно 10 кампери и обично поминувавме околу 200-300km дневно.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-55.jpg

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-56.jpg

Се сместувавме во кампови кои се одлично организирани и ги пружаат сите услови.

Убавината кога си сместен во камп е заедничката дружба која ја имавме во вечерните часови, со спремање на нашите омилени јадења.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-57.jpg

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-58.jpg

Нашето сместување во тие 6 дена беа собите на тркала и можам да кажам дека тоа беше навистина неверојатно искуство.

Спиевме во самите кампери, само ги поврзувавме на струја во камповите за да имаме греење и струја внатре.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-40.jpg

Цените во Исланд беа највисоки од сите дестинации кои сум ги посетил досега.

Ќе направам една мала споредба само - една чорба со ракчиња и леб чинеше 20€, додека кај нас е околу 4-5€.

Исландскиот хот дог, кој чини 7€, е иконска улична храна во земјата и е познат по уникатниот вкус и комбинацијата на состоки.

Наречен pylsur, овој хот дог се прави со мешавина од јагнешко, говедско и свинско месо, што му дава посебен, благ вкус.

Традиционалниот исландски стил на сервирање вклучува „co cè” (meo öllu), што значи дека добивате сенф, кечап, суров кромид, пржен крцкав кромид и посебен сос од мајонез и сладок сенф наречен Remolaði.

Доколку пазарите во маркет може да поминете поевтино и цените немаат драстична разлика од кај нас.

Еден од најповолни маркети на Исланд се вика Bonus, па таму пазаревме и е моја препорака за оние што ќе одат во иднина во земјата.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-16.jpg

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-06.jpg

Цената на аранжманот за авионски карти, кампери и сместување во камп чинеше 1.300€ по човек.

Дополнителен трошок е горивото и патарините, кои вкупно чинат 300€, а ги делат двајцата кои се во камперот.

Дополнитен трошок се факултативните излети и храната, кои се, нели, по ваш избор.

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-07.jpg

stefan-spirkovski-za-avanturata-na-island-stignav-za-30-chasa-od-skopje-bev-smesten-vo-kamper-a-tamu-me-voodushevi-plovenjeto-so-kitovi-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg