Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите“

„Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинтересирани за белата раса. Во Кина може да си порачате дури и монтажна куќа онлајн, ме нервира само што имаат поразлична перцепција за бон-тон и немаат чувство за личен простор“, раскажува Никола Трајковски (29) од Скопје.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-01.jpg

Никола Трајковски (29) од Скопје, физиотерапевт по професија, во Кина живее веќе 9 месеци.

Тој беше дел од кинескиот олимписки тим во борење што се натпреваруваше на Олимпијадата во Париз, а се грижеше за 7 кинески борачи.

За животот во Кина Никола споделува за CRNOBELO.com:

Пред колку време замина во Кина и која беше причината за твојата преселба?

Добив понуда да работам со Олимпискиот тим во борење на Кина и практично 2024 година ми почна со преселба во Кина. Веќе на 01.01.2024 јас бев во авион и летав за Пекинг.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-04.jpeg

Каде поточно живееш, какви се локалците, сподели ни некои нивни интересни навики?

Иако базата ми е во Пекинг, со тимот доста време поминував по олимписките бази кои се низ цела Кина.

Кога стигнав во јануари бев сместен во олимписка база која е во Фуџијан провинција.

Местото се вика Вуџишан и е многу познато по планинските предели, бамбус рафтинг и најпознатиот Wuyi Rock Tea.

Во самото гратче има повеќе од 400 продавници за чај. Локалците не беа навикнати на странци и секогаш кога шетав ме стопираа и ме носеа во нивните продавници да пробувам разни видови на чаеви.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-15.jpeg

Имаат многу интересна културата на пиење чај. Секогаш има еден кој го сипува чајот и кој додека го подготвува за дегустација, раскажува за видот на чајот, од каде е собран, која е јачината на чајот.

Локалците велат, чајот се сервира со приказна. Конечно после литар испиен чај и неколку фотографии, успевав да изнудам изговор да ме пуштат да си одам.

Во Хаинан кога бев, имав можност да отидам до Санија, кој е град што излегува на море и е популарен особено меѓу Русите.

Пекинг пак е модерна метропола која брзо се развива, меѓутоа е задржана традицијата која ја негуваат на високо ниво и со многу љубов.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-06.jpeg

Покрај големите облакодери и фантастична архитектура, останати се стари населби кои се наречени Хутонзи и датираат од 1200-тата година и се слика на пекингшката култура и историја.

Како најпозната атракција би го издвоил Забранетиот град. Тоа е царска палата која е изградена од страна на императорот Jongl 1406 година и оттогаш се одржува и реставрира.

Локалците во Пекинг се навикнати на странци, па не наидов на некои „селфи“ натрапници. Што секаде на друго место беше задолжителна практика.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-07.jpeg

Исто така, имав можност да отидам и во „Inner Mongolia“, која е автономна држава во Кина.

Можев да забележам дека имаат доста поразлична култура од Кинезите, иако се работи за иста држава. Главно занимање им е сточарството и луѓето се наклонети кон животните.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-11.jpeg

Уште од мали нозе јаваат коњи и како народ се многу издржливи и храбри.

Храната им е базирана на млеко, млечни производи и месо што можев да видам многу сличности со нашата.

Имав можност да појадувам попара со млеко, кашкавал и просо и да ги посетам традиционалните монголски шатори наречени јурта. Тие беа сместени во пределите каде се и коњичките атракции. Јавањето коњ беше убаво искуство.

Еден од тренерите имаше свој ранч и ни направи тура со коњи за нас.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-12.jpeg

Дали некогаш си бил во љубовна врска со девојка оттаму?

Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинтересирани за белата раса.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-08.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg