Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите“

Зошто Кина е светлосни години пред нас?

Според мое мислење голема улога игра дисциплината и меѓусебната почит. Кога на тие карактерни особини ќе се додадат ресурсите, кои не се плашат да ги искористат, добиваме успешна приказна. 

Многу се скромни и не се егоистични. Како пример можам да дадам од спортско поле. Се вложува многу во нив, а за возврат се бара успех што е сосема логично.

Можевме да видиме дека многу од олимписките медалисти штом се вратија во своите провинции воопшто не уживаа во славата. Се вратија на секојдневните активности.

За нив најголемото спортско достигнување Олимпијадата е само уште еден медал.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-13.jpeg

Што те нервира најмногу?

Би ги издвоил големиот метеж и начинот на кој возат.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-17.jpeg

Што ти се допаѓа најмногу?

Многу ми се допаѓа кинескиот „hotpot“. Тоа е традиционално јадење за Кинезите. Традиционална супа која се служи во метален сад, кој константно врие и во него се ставаат месо, зеленчуци и тестенини по свој избор.

Покрај храната би рекол и системот на кој функционираат и достапност на ресурсите во секое време.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-09.jpeg

Ако нешто нема во маркет или продавница, многу лесно се порачува онлајн и во рок од 2 дена доставата е на врата.

Од најситните работи до подвижни, монтажни куќи и автомобили и тоа во буквална смисла на зборот.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-10.jpg

Најужасната работа која ја прават Кинезите е…

Имаат поразлична перцепција за култура и бон-тон и немаат чувство за личен простор.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-02.jpeg

Што можат Македонците да научат од Кинезите на поле кариера, па и на поле секојдневно функционирање?

Како да се биде скромен и како да се менаџира со финансиите. Многу Кинези се богати, но нема да го покажат тоа бидејќи за нив е некултурно да се фалат дека имаат.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-14.jpeg

Скапо ли е за живот?

Пекинг како метропола е доста скап за живеење. Но во другите места каде што бев беше многу евтино.

nikola-od-skopje-zhivee-vo-kina-zhenite-sakaat-mazhi-od-belata-rasa-a-bogatite-ne-se-falat-so-parite-03.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg