Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но јавниот превоз е патешествие“

„Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или трета класа, каде што се отвораат прозорците и вратите. Возот се движи многу бавно, но секој совесен турист треба да знае дека не треба да се доведе во животозагрозувачка ситуација за една фотографија за Инстаграм“, споделува Александра од Скопје за CRNOBELO.com за посетата на Шри Ланка.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-01.jpg

Александра од Скопје, менаџер за комуникации, патува со сопругот низ светот и ги документира спомените на својот Инстаграм профил и на блогот Two Pins On a Map.

По подолга пауза од патувања поради пандемијата, таа повторно беше на незаборавно патување, овој пат на островот во форма на солза, Шри Ланка.

За CRNOBELO.com го споделува своето искуство оттаму:

Колку земји имаш посетено досега и кои ти оставиле најсилен впечаток?

Ги немам броено, ама околу 15-тина се сигурно.

Секоја земја и секоја култура се уникатни и ми понудиле незаборавни искуства, но ако морам да издвојам, тоа би биле Јужно Африканската Република, бидејќи таму бевме на меден месец и Исланд - земјата каде што се чувствував како да сум „надвор од овој свет“.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-02.jpeg

Овој пат зошто токму Шри Ланка?

Сосема случајно се погоди изборот на дестинација. Бидејќи последното далечно патување ни беше пред пандемијата, во 2019-та година, знаев дека треба да се вратиме во „колосек“ со нешто поразлично од тоа што досега го имаме искусено.

Алгоритамот на Инстаграм веројатно ме слушна, и ми се појави легендарната фотографија со парот на возот што оди од Кенди до Ела, a потоа и многу други фотки од оваа дестинација.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napraviv-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-001.jpgФамозното позирање од воз

Следеше истражување за земјата, и нормално - купување на авионски билети.

Голем одлучувачки фактор беше и фактот што ќе имам шанса да ги видам „шриланканските“ слонови, едно од моите омилени животни.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-24.jpeg

Како изгледаше, колку беше скап и тежок патот дотаму?

Како и секое далечно патување, бевме спремни на тежок пат.

Полетавме од Софија, со трансфер во Истанбул, и по неколкучасовно одложување на летот, и 8 и пол часа во авион, стигнавме на аеродромот во Коломбо.

Цената на летовите беше малку поевтина од вообичаеното, бидејќи бевме во период помеѓу двата монсуни, што за многумина не е посакуваниот тајминг за посета на Шри Ланка, но се потврди она што илјада пати го слушнавме таму - Шри Ланка е дестинација вредна за посета низ целата година.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-06.jpeg

Првиот впечаток ти беше…

Влажен воздух, луд сообраќај и гостопримливи и пријателски настроени локалци. И остана овој впечаток до крајот на патувањето.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-17.jpeg

Што ти се допадна најмногу?

Мешавината од различни искуства што ги нуди земјата. Ми се исполни и надмина секое очекување кое го имав.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-18.jpeg

Фактот што можеш да бираш дали ќе уживаш во историското наследство, или можеби прекрасната природа и животни, или егзотичните плажи, или од сè по малку - лесно е секој да најде некоја заедничка нишка со Шри Ланка.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-16.jpeg

Диви животни, плажи, храмови, кој е најсилниот адут на оваа земја?

Шри Ланка е едно од оние места кои оставаат длабок впечаток кај секој љубител на природата и авантурите.

Најмногу ме воодушеви неверојатната разновидност на природните пејзажи – од бујните чајни плантажи во Ела, до мирните плажи на јужниот брег и раздвижените улици во поголемите градови. 

Покрај природата, Шри Ланка е вистинско богатство и за љубителите на културата и историјата.

Древните градови како Сигирија нудат неверојатен поглед во минатото, додека шарените пазарчиња ја раскажуваат живописната култура на овој народ. Шри Ланка е место каде што традицијата и природата се спојуваат на уникатен начин.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-05.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg